за

Центарот на VW во Касел продолжува со испорака на резервни делови

Центарот на VW во Касел продолжува со испорака на резервни делови
Центарот на VW во Касел продолжува со испорака на резервни делови

Концернот Volkswagen се грижи пазарот да биде снабден со резервни делови и во време на кризата од корона. Од вкупно 25.000 сервисни работилници ширум светот, коишто се овластени од концернот, моментно работат три петини, односно околу 60 проценти. Во Германија, пак, работат 95% од вкупно 3.500 сервисни работилници.

Клучната улога во овие времиња ја има центарот за резервни делови на Volkswagen во Касел, од кадешто започнува испораката на делови до сервисните работилници ширум светот. Бројот на работни налози во центарот моментно е сведен на една третина од вообичаениот обем. Секако дека се преземени мерки за заштита на здравјето на вработените и на добавувачите. Дел од тие мерки се зголемено растојание меѓу работниците и дополнителни мерки за хигиена.

Соодветно на смалениот обем на работа и неопходноста од почитување на мерките за заштита, во центарот за оперативна логистика моментно делуваат половина од редовниот број вработени. Истото важи и за сервисните работилници, во коишто е овозможено клиентите да ги предадат и преземат возилата без директен контакт.

На нашите клиенти, вклучувајќи и голем број здравствени работници и трговци со прехранбени производи, во ова време возилата им се потребни повеќе од кога било досега. Затоа е важно, нашиот тим да го одржува снабдувањето со резервни делови. Тоа овозможува сервисните работилници низ целиот свет да продолжат да вршат поправки.

Роман Хавлашек, раководител за постпродажба на концернот Volkswagen

Во „светскиот“ центар за резервни делови во Касел, во нормални услови работат околу 2.400 лица. Оттаму се испорачуваат делови до сервисните работилници за марките на концернот Volkswagen во 86 држави пирум светот. Површината на гига-магацинот изнесува над 1,2 милиони метри квадратни. Секој ден од центарот излегуваат во просек по 220 камиони, 111 железнички вагони и 68 контејнери.

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русите ја зголемија продажбата на автомобили во март

Русите ја зголемија продажбата на автомобили во март

porsche taycan светски спортски автомобил на годината

Porsche Taycan со две титули во изборот за светски автомобил