за

Оваа лимузина е Toyota и за Lexus

Toyota Century fabrika
Toyota Century fabrika

Кај јапонскиот производител постои јасна хиерархија: Toyota произведува добри автомобили, Lexus ги произведува уште подобри и полуксузни. Но, врвот на врвот сепак му припаѓа на еден автомобил што гордо го носи знакот на матичната марка, Toyota Century.

Toyota дозволи светот кусо да погледне во фабриката во Хигаши-Фуџи, на истокот на Јапонија, кадешто се произведува Century, најпретставителниот и најексклузивен автомобил на ниво на целата корпорација.

Лимузината се произведува „ретко“, но уште поретко се обновува. Наспроти Corolla, којашто вози во својата дванаесетта генерација, актуелниот Century штотуку го има достигнато третото поколение, по дебито во 1967 година. Единствената шоферска лимузина од Јапонија имаше комплетно обновување лани во јуни, заменувајќи го претходникот кој се произведуваше точно две децении.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Хигаши-Фуџи не личи на фабрика, туку повеќе е како уметничка работилница. Нема подвижна лента, нема колона од автомобили, ниту се слуша тропање или зуење. Century се изработува рачно во оваа тивка и релаксирачка средина, во пет чекори: Пресување, изработка на каросерија, бојадисување, монтажа и преглед.

Рабовите на појасот по целата должина на каросеријата се изработени рачно, тоа се води како „кичомен“

Впечатлив дел во дизајнот е појасот по целата должина на каросеријата, кој се издвојува со прецизен и остар раб. Јапонците ги водат ваквите изработки како „кичомен“, што има длабоки традициски корени и првпат се среќаваат кај просториите што биле наменети за благородниците, кои се изработувале посебно внимателно и прецизно, со цел да се издвојуваат.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Вратите се друга приказна. Тие намерно се позиционираат повисоко при изработката на каросеријата, затоа што подоцна натежнуваат драстично, откако ќе се додаде сета опрема и по комплетната доработка, па линијата се „мести“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Може да се избира меѓу четири бои, но црната е правило. Врвните мајстори на својот занает во Хигаши-Фуџи развија „вечно црна“ боја, на јапонски – камуи. Наспроти четирите слоеви лак клај обичните коли, Century поседува седум слоеви, вклучувајќи транспарентен покривен лак со црн пигмент, кој фактички го создава впечатокот на длабочина во црниот лак. Секако дека рачната изработка има голема улога во лакирањето. Мајсторите трипати го брусат лакирањето на „водено“.

Пред да пристапат на изработката на новиот модел, лакерите во Хигаши-Фуџи имаа обука во работилниците во Ваџима, во префектурата Ишикава, кадешто лакирањето се изведува верно на традицијата

Уште едно подрачје што е препуштено на вештината на мајсторите е позиционирањето на „кулата“ меѓу предните седишта. Додека во машинската изработка се дозволуваат видливи толеранции, тука се остава само на искусното око на мајсторот да ја позиционира кулата и соодветно да ја прицврсти во конечната положба. И тоа постои како поим кај Јапонците, и се нарекува„кан-коцу“, кога нешто се работи врз основа на искуство и сетила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од стартот на втората генерација на Toyota Century во 1997 година, во фабриката се водат историски книги за секој изработен автомобил. Во овие книги се впишани контролите по секој процес, вклучувајќи го името на контролорот и датумот. Тоа е уште еден моќен симбол на рачната изработка.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Toyota си произведува и водород за своите водородни возила

Која е најстарата генерација на Toyota Corolla што ја знаете „во живо“?

Сега станува сериозно: Toyota Camry пристигна во Македонија

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai U-20 Полска

Hyundai со 112 возила на светското младинско првенство во фудбал

Ford 1.0 Ecoboost svetski motor na godinata 19

Еднолитарскиот EcoBoost на Ford со 11-та титула на светски мотор