Superb iV е првиот сериски модел на Skoda со плагин-хибриден погон. Бензински 1.4 TSi и електромотор произведуваат системски 218 КС. Со полна батерија може да се извозат до 55 километри. Производството ќе стартува наесен, испораките ќе следат во почетокот на 2020 година. Според редакциска процена, Superb iV спаѓа во ценовната категорија којашто подлежи на десетина проценти акциза – како хибрид, тој е ослободен од неа
Освежувањето во новото моделско годиште на Superb го донесе и првиот плагин-хибриден погон во чешката марка. Само со енергијата во батеријата со капацитет од 13 kWh може да извози до 55 километри, пред да се ангажира бензинецот. Полнењето на обичен ѕиден приклучок трае 3:30 часови. Приклучокот е сместен во маската.
https://photos.app.goo.gl/fjMpUHxA6r15Adpz6
Електромоторот од 115 КС и бензинскиот 1.4 TSI со 156 КС заедно произведуваат системски 218 КС. Шестстепен менувач DSG е стандард. Возачот може да избира меѓу три режими: Спортски, електричен или хибриден. Во првиот режим се добиваат максималните 218 КС и 400 њутнметри. Во електричниот режим, логично, лимузината вози само на струја, додека во хибридниот режим, интелигенцијата на погонот се грижи за најдобрата комбинација од штедливост и перформанси.
Батеријата е сместена во подот пред задната оска. Багажникот во комбилимузината располага со 485 литри, односно 510 литри кај комбито. Резервоарот собира 50 литри гориво. Надворешни белези се логоата на новата подмарка iV, но и редизајнираниот преден браник и маската со активни ламели. Се вградува и генератор на звук, за пешаците и велосипедистите да го слушнат возилото.
Вклучувањето на климатизацијата може да се програмира или да се вклучи оддалеку преку апликација; Се избира дали климата да работи со енергијата во батеријата или да црпи директно од полначот за струја
Во кокпитот може да се доплати за дигитални инструменти од 10,25 инчи. На главниот дисплеј вообичаено се добиваат информации што се однесуваат на електричниот дел во погонската спрега. Преку мобилна апликација може оддалеку да се вклучи климатизацијата непосредно пред влегувањето во возилото.
https://photos.app.goo.gl/MnWi8usam5q7gXsG8
Навигација Admunsen со дисплеј од 8 инчи е стандард, опција е Columbus со 9-инчен дисплеј. Два системи за асистенција се резервирани за Superb iV. Едниот е помош при возење со приколка, познат од Volkswagen, при што се добива одлична прегледност од горна перспектива и автоматско вртење на воланот, откако возачот ќе ја избере крајната положба преку џојстикот за ретровизорите. Вториот систем се состои од четири камери кои на средишниот дисплеј даваат верна слика од птичја перспектива.
Хибридниот погон во оваа класа е интересен и за нашиот пазар. Возила со царинска основа од околу 20.000 евра, ослободени се од акцизата во висина од десетина проценти. Висината на царинската основа е редакциска шпекулација, наведена само како пример.
Skoda доби електро-подмарка iV и два модели: Хибриден Superb и Citigo на струја
Skoda го произведе 22-милионитиот автомобил
Skoda Superb во ново издание на 23-ти мај, првпат во теренска изведба Scout
Половина милион примероци од Skoda Superb од актуелната генерација
















