Skoda почна да вози и на струја. Исто како што Volkswagen ја има подмарката ID за своите електрични возила, така и чешката марка во концернот ја основа iV. Во следните пет години, Skoda ќе вложи две милијарди евра во развој на модели на струја и во нови услуги. Секако дека тоа е најголемата инвестициска програма на марката досега.
Предвидувањата се дека околу една четвртина од продажбата на Skoda во 2025 година ќе отпаѓа на електрични автомобили. Два модела од новата подмарка iV имаа премиера во Братислава, Словачка, во рамките на светското првенство во хокеј, кадешто Skoda е главен спонзор долги години. Skoda Citigo-e iV вози само на батерија, додека Skoda Superb iV користи плагин-хибриден погон, кој повеќе одговара за неговата намена како крстосувач што совладува долги релации.
https://photos.app.goo.gl/eU2piZpLnSnDTGYL8
Заедно со новите модели се подготвени и ѕидни полначи, како и посебни мобилни апликации, корисни на пример за наоѓање на најблискиот полнач за струја. Сопствениците на модел од смејството iV добиваат и посебна картица Skoda e-charge, која што овозможува едноставно полнење ширум Европа, без разлика кој е операторот со мрежата од полначи.
Првата буква во ознаката iV асоцира на иновативност и интелигенција, додека V е за „vehicle“, односно возило
До крајот на 2022 година, Skoda ќе нуди повеќе од десет модели со хибриден или чисто електричен погон во семејството модели iV. Веќе в година следи и првиот автомобил на струја на Skoda, што ќе се базира врз посебната платформа MEB на концернот. Тоа ќе биде сериска изведба на СУВ-купето Vision iV.
https://photos.app.goo.gl/RoAmCHWpQktSL6fH6
Skoda досега има обучено повеќе од 11.000 работници за производството на електрични автомобили
Хибридниот Superb iV ќе се произведува во неодамна проширената фабрика во Квасини, додека за идните електрични модели ќе биде задолжена Млада Болеслав. Освен автомобили, таму уште од годинава ќе започне изработката на компоненти за модели со плагин-хибриден погон и за останатите марки во концернот.
До средината на следната декада, во фабриките во Млада Болеслав, Квасини и Врхлаби, но и околу нив, Skoda ќе постави близу 7.000 полначи. Таа инвестиција ќе вреди околу 32 милиони евра.
Новото годиште на Superb е прва Skoda со матрични светла
Skoda го произведе 22-милионитиот автомобил
Екс-дизајнерот на Skoda ќе црта за Rolls-Royce
Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition
















