Новото годиште на Superb е прва Skoda со матрични светла

skoda superb 2019 matricni svetla

Освеженото моделско годиште на Skoda Superb ја чека својата премиера за време на светското првенство во хокеј. Знаменосецот првпат нуди можност за доплата за матрични светла.

Skoda Superb е првиот чешки модел што ќе понуди можност за диодни матрични светла. Додека се очекува премиерата на моделот во рамките на светското првенство во хокеј, кадешто Skoda е спонзор по 27-ми пат, пристигаат фотографија и видео, кои ги прикажуваат матричните светла, заедно со сменетите магленки, како и задните светла со динамични трепкачи – секаде се користи диодна техника.

Новите матрични светла се состојат од еден диоден модул за соборено и долго светло, како и три диодни комори за долво светло. На куќиштето пишува „Skoda Crystal Lighting“, согласно на светското реноме што го ужива чешкиот кристал. Тенка диодна лајсна служи за трепкачите, за дневното и за позициското светло. Над неа се поставени диодни „игли“, кои се составен дел од анимираната функција на одложеното гаснење на светлата.

Безбедносна придобивка од динамичните трепкачи: Впечатливите трепкачи се „впечатливи“ за сите учесници во сообраќајот

Првпат во Skoda Superb работат динамични трепкачи, кои се вклучуваат постепено, од внатре кон надвор. Покрај тоа што изгледа импресивно, динамичната расбота на трепкачите има и безбедносна придобивка, затоа што полесно се забележуваат во сообраќај.

Skoda ветува уште новитети во подрачјето на безбедноста, комфорот, перформансите и животната средина, вклучувајќи ставки од повисоките класи. Се очекува Чесите да ја претстават и изведбата со плагин-хибриден погон, првпат во марката.

Датумот за премиерата уште не е прецизиран, тоа веројатно се координира со напредокот на чешката репрезентација во првенството во Словачка, кое што е во тек.

Skoda Superb ќе добие уште посупериорен дизајн

Skoda го произведе 22-милионитиот автомобил

Екс-дизајнерот на Skoda ќе црта за Rolls-Royce

Тест: Skoda Superb 2.0 TDI Ambition

Претходна објаваПоследни 21 примероци од Smart со обичен мотор
Следна објаваДитер Цече ќе биде новиот шеф на туристичката компанија Туи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here