Skoda го произведе 22-милионитиот автомобил

skoda 22 milioni kodiaq gt kina

Славеничкиот автомобил по овој повод е Skoda Kodiaq GT, произведен во фабриката во Чангша, Кина. Првиот автомобил на марката излезе од Млада Болеслава во 1905 година.

Skoda денес го одбележува производството на 22-милионитиот автомобил. Славеничкиот автомобил е Skoda Kodiaq GT во црвена боја, произведен во фабриката Saic Volkswagen во Чангша, Кина. Овој автомобил ќе биде изложен на „Денот на Skoda“, кој се одржува еден ден пред отворањето на салонот во Шангај (од 16-ти до 25-ти април).

Една четвртина од вкупната продукција на возила на Skoda е постигната само во последните пет години

Во чешката марка е во тек моделска офанзива, којашто предвидува повеќе од 30 нови модели до крајот на 2022 година. Skoda е присутна во Кина веќе дванаесет години и таа во меѓувреме стана најголем единечен пазар за марката.

Skoda Kodiaq GT

⇒ Skoda Kodiaq GT во чест на најголемиот пазар во светот

Возила со знакот на Skoda се произведуваат на 16 локации во девет држави. Првиот автомобил на компанијата е Laurin & Klement Voiturette A од 1905 година. Во 2014 година, Skoda првпат произведе повеќе од еден милион возила за една година. Пред само две години, од домашната фабрика во Квасини излезе 20-милионитиот автомобил на марката.

Неколку историски моменти во производството на автомобили во Skoda Auto:

  • 10-ти април 2019: 22 милиони автомобили на Skoda oд 1905 година
  • 26-ти септември 2017: 20 милиони возила на Skoda
  • 24-ти ноември 2015: 12 милиони возила на Skoda од фабриката во Млада Болеслав
  • 10-ти декември 2014: Skoda првоат произведува повеќе од 1 милион возила во една година.
  • 26-ти август 2013: 4 милиони Skoda Octavia
  • 9ти јули 2013: 1 милион возила на Skoda во Кина од 2007 година
  • 5-ти февруари 2013: 15 милиони возила на Skoda од
  • 13-ти јули 2006: 10 милиони возила на Skoda
  • 1991: 5 милиони возила на Skoda

Екс-дизајнерот на Skoda ќе црта за Rolls-Royce

Половина милион примероци од Skoda Superb од актуелната генерација

Проект на Skoda: Испорака на онлајн-нарачка директно во багажникот

Прашање на добар избор: Издолжен Citroen C5 Aircross или моќна Skoda Karoq

 

Претходна објаваFord Explorer пристига на крајот на годинава со 450 „хибридни“ КС
Следна објаваКомплетен водич за Toyota Corolla: Цени, каросерии, опрема, мотори

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here