170
75 shares, 170 points

Од фабриката во Квасини во петокот излезе 500-илјадитиот примерок од третата генерација на Skoda Superb. Знаменосецот се појави во март 2015 година и беше почеток на најголемата моделска офанзива во историјата на марката.

Освен во Чешка, лимузината и комбито од средната класа се произведуваат во уште четири фабрики низ светот. Првата генерација од 2001 година се произведе во 136.100 примероци. По генерациската смена во 2008 година, втората генерација на Superb достигна 618.500 примероци до 2015 година. Вкупно од сите три генерации се произведени 1,25 милион возила.

Се чека моделското освежување на Skoda Superb и воведување на првиот хибриден автомобил на Чесите

Годинава следи воведување на плагин-хибридна изведба на Superb, како прв модел на Чесите со таков вид на погон, заедно со освежување за целата гама на моделот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Името Superb потекнува уште од 1934 година и се користи кај луксузните лимузини на Skoda во следната деценија и пол.

Superb е еден од најуспешните модели во средната класа, кадешто голем број конкурентски модели кои имаат долга традиција веќе долго време се наоѓаат на границата на рентабилното производство.

Проект на Skoda: Испорака на онлајн-нарачка директно во багажникот

Прашање на добар избор: Издолжен Citroen C5 Aircross или моќна Skoda Karoq

Skoda владее на сцената на салонот во Женева

Фабриката за Skoda Kodiaq и Superb првпат надмина 300.000 возила

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

170
75 shares, 170 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *