174
48 shares, 174 points

Skoda испробува како би функционирало кога испораката на производи што ќе се нарачаат онлајн би се вршела до самиот багажник на возилото. Проектот е во соработка со водечките продавници од ваков вид во Чешка

За многу брзо време, при купување од онлајн-продавниците ќе биде можно багажникот на автомобилот да се избере како адреса за испорака. Skoda моментно го тестира овој систем во Чешка, со две водечки онлајн продавници во земјата, Alza.cz и Rohlik.cz. Посебно се внимава на сигурноста при испораката, затоа што купувачот треба оддалеку да му одобри на доставувачот да го отклучи багажникот и да ги остави производите.

Класичен проблем: Кога доставувачот ќе се јави, обично никој не е дома

Кога доставувачот ќе се приближи до возилото, тој го известува купувачот, кој пак испраќа дигитален клуч до мобилниот телефон на првиов. Багажникот во тој случај може да се отклучи само еднаш, и тоа во времетраење што ќе го избере купувачот. По оставањето на производите, доставувачот го затвора багажникот и потврдува дека испораката е завршена.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новата услуга засега е во фаза на тестирање и постојано се вршат подобрувања, но факт е дека овој вид услуга ќе стане рутина во работата на онлајн-продавниците. Сличен систем веќе подолго време користи и Volvo, засега само во скандинавските земји.

Пристигна пошта во багажникот на автомобилот

Испорака на пратка директно во багажникот на автомобилот


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

174
48 shares, 174 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *