за

Испорака на пратка директно во багажникот на автомобилот

Адреса за испорака: Багажникот. Amazon, DHL и Audi започнаа пилот проект во Минхен, за тестирање како би функционирала испорака на пратка во багажникот на паркираниот автомобил на корисникот.

Сервисот за интернет трговија Amazon во Германија започна со тестирање на испорака на нарачки во багажникот на автомобилот на клиентот. Притоа, доставувачот добива еднократен код за отворање на багажникот на паркираниот автомобил. Проектот се реализира во Минхен, во соработка со Audi и сервисот за испорака DHL. Овој иновативен начин на испорака им стои на располагање на корисниците на дополнителната служба Amazon Prime. При нарачката, корисникот ја наведува само приближната локација на своето возило. Доставувачот користи посебно развиена апликација за мобилен за лоцирање на возилото и за отворање на багажникот на истото.

Откако пратката ќе се испорача и ќе се затвори капакот на багажникот, истиот се заклучува автоматски, а нарачателот добива порака преку електронска пошта. Ова не е прв експеримент од ваков вид. Volvo исто така тестираше испорака на пратки во автомобил во сличен проект.

mobilna isporaka

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi подготвува електричен теренец против Tesla Model X

Land Rover Defender се враќа во 2019 година