за

Фабриката за Skoda Kodiaq и Superb првпат надмина 300.000 возила

skoda karoq kvasini

Рекорд во фабриката на Skoda во Квасини. Од погоните кадешто се произведуваат моделите Superb, Kodiaq и Karoq, првпат излегоа повеќе од 300.000 возила за една година. Наскоро стартува плагин-хибриден Superb, а во 2023 година се сели и VW Passat

Skoda лани постигна производствен рекорд во фабриката во Квасини. Првпат се произведоа повеќе од 300.000 возила. Тоа се погоните од кои излегуваат моделите Superb, Kodiaq и Karoq. Чешката фабрика моментно се подготвува за модели со електрифицирана погонска спрега.

Квасини вработува околу 9.000 лица, со што се вбројува меѓу најголемите работодавци во регинот на Храдец Кралове. Модерниот погон дозволува продукцијата постојано да се оптимира, со цел да се постигне максимална искористеност. Големиот Kodiaq, на пример, покрај тоа што се произведува на сопствена лента, по потреба може да се произведува дополнително и на лентата за Skoda Superb.

Подготовувајќи го производството за новите СУВ-модели, чешкиот производител вложи единаесет милијарди круни, односно околу 430 милиони евра, во фабриката со 80-годишна историја.

Подоцна во текот на годинава ќе започне и производството на Skoda Superb со плагин-хибриден погон. Од 2023 година, во Квасини ќе се пресели и продукцијата на VW Passat.

Skoda Kamiq скроен по мера и со опција за метан

Skoda Vision iV прикажува сосем различна внатрешност

Skoda Scala стартува со продажба во Германија: Почеток од 17.350 евра

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

2 коментари

Одговори

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche салон женева 1949 година

Porsche пред 70 години првпат изложуваше во Женева

Aston Martin во минус 57 милиони фунти