Поради скапите трошоци при појавувањето на берзата, Aston Martin направи загуба во минатата година. Акционерите во престижната англиска марка засега немаат причини за радување
Англискиот производител на престижни спортски автомобили забележа црвени бројки во финансиското работење за минатата година. Причина за тоа беше скапиот старт на акциите на Aston Martin за тргување на берзата.
Продажбата на автомобили пораснала, а соодветно на тоа бил забележан и поголем промет, но под завршната црта сепак се добива загуба од 57 милиони фунти или 67 милиони евра. Во 2017 година, Aston Martin имаше постигнато добивка од 77 милиони фунти.

Причина за загубата се трошоците во висина од 136 милиони фунти, откако компанијата во октомври ги понуди своите акции на берзата. Поседувањето акции во марката што многумина ги асоцира на филмската серија со Џејмс Бонд, засега не им донесе корист на акционерите.
Откако беа издадени акциите по почетна цена од 1900 пени, вредноста се намалуваше постојано. Во почетокот на февруари беше достигнато најниското ниво од 1108 пени, но во меѓувреме повторно се зголеми вредноста на акциите. По објавувањето на финансискиот извештај, курсот повторно падна за 17 проценти.
Daimler поседува четири проценти од акциите во Aston Martin; Моторите во новите моделски генерации пристигаат од Mercedes-AMG
Ниту годинава не се очекува подобрување на ситуацијата, затоа што останува големата неизвесност по Брегзит. Шефот Енди Палмер изјави за Ројтерс дека „можното одложување на напуштањето на Унијата ќе претставува дополнителен проблем за Aston Martin, затоа што средствата за надминување на последиците од Брегзит, во тој случај ќе мора да се чуваат подолго, а тоа ќе го ограничи расположливиот капитал.“
Британскиот производител на автомобили е во сенка на Ferrari, како во поглед на продажбата, така и во маржата. Тоа се рефлектира и на берзата. Додека пазарната капитализација на Aston Martin по стартот на берзата опадна за 40 проценти, на околу три милијарди евра, вредноста на Ferrari од стартот во есента 2015 се зголеми за близу 150 проценти, на 21 милијарди евра.
Aston Martin 003 како „патничка“ варијанта на Valkyrie
Теренецот на Aston Martin стартува со продажба следната есен
Aston Martin е луксузна марка на годината
Ferrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година
















