Лани во ноември, Aston Martin го објави првиот цртеж на когошто само грубо се наѕираше основната силуета на 003, новиот хиперавтомобил што треба да го заокружи триото, покрај Valkyrie и Valkyrie AMR Pro, интерно означени како 001 и 002. Асоцијацијата на 007 исто така не е случајна.
Конечната сериска верзија од автомобилот, кој на последнава фотографија го покажува опашот пред светот, треба да се појави на пазарот до крајот на 2021 година. Името на новиот модел уште не е потврдено официјално. Постои голема веројатност дека Aston Martin ќе го користи името Vanquish. Англичаните планираат да изработат 500 примероци од ексклузивниот модел.
Секако дека моторот ќе биде вграден средишно, тоа веројатно ќе биде 4,0-литарскиот битурбо V8, кого што го испорачува пaртнерот Mercedes–AMG. Осумцилиндарецот веќе се вградува во новиот DB11. Исто како во Valkyrie, моторот ќе работи во комбинација со електромотор, односно ќе сочинува хибридна погонска спрега.
Aston Martin најавува примена на активна аеродинамика, како еден од куќните специјалитети. Ексклузивниот Британец нема да вози само по тркачка патека, туку ќе поседува и квалитети на автомобил за секој ден. Тоа, меѓу другото, подразбира простор за багаж. Некаде и некако.
Како фановите на Aston Martin & Co реагираат на појавата на One-77
Теренецот на Aston Martin стартува со продажба следната есен
Aston Martin е луксузна марка на годината
Ferrari имал планови да го преземе Aston Martin во 2014 година
Само за милијардерски очи: Aston Martin DB5 за хоби-шпиуни
















