Mazda CX-5 со мали измени во новото моделско годиште

Mazda CX-5 modelska 2019

Неколку мали зафати ѝ донесоа повеќе комфор, безбедност и поблагородна нота на Mazda CX-5 за моделската 2019 година. Новитет во опремата се кожени седишта со вентилација, но најсуштинско е тоа што сите мотори ја исполнуваат строгата норма Euro 6d-Temp – иако нашиот пазар не прави голема разлика во поглед на емисијата.

Бестселерот на Mazda доби побогата безбедносна опрема и нова опција на кожени седишта со вентилација за моделската 2019 година. Заедно со тоа следат и неколку преправки во подвозјето и во управувањето, во комбинација со усовршена верзија на познатиот систем за контрола на стабилноста G-Vectoring Control Plus. Малите зафати надвор од класичниот „фејслифт“ се направени со цел да се постигне повисок комфор, заедно со подобри возни својства.

Освежувањето на Mazda CX-5 надвор од класичен фејслифт е направено само заради комплетирањето на понудата од мотори според Euro 6D-Temp

Со модификациите во моторите и со новата техника за пречистување на издувните гасови, сега целата гама на Mazda MX-5 ја исполнува нормата Euro 6d-Temp. Новитет во дополнителната опрема е пакетот Sports Line Plus, кој вклучува кафени кожени седишта, црн таван, украсни лајсни од вистинско дрво и хромирани детали, како и бандажи од 19 инчи полирани до висок сјај.

https://photos.app.goo.gl/dxFaz4vMdzgsJa8U8

Топ-бензинецот Skyactiv-G 194, со работна зафатнина од 2,5 литри и исклучување на два цилидри заради заштеда на гориво, од годинава е достапен и во изведба со погон напред, но шестстепениот автоматски менувач останува стандард. Бензинецот со 165 КС исто така се нуди во верзија со погон напред и на сите тркала. Автоматскиот менувач е опција во верзијата со погон на сите тркала.

Единствен дизел е 2,2-литарскиот Skyactiv-G, во верзии со моќност од 150 и 184 КС. Посилната изведба е достапна само со погон на сите тркала i-Activ AWD. Шестстепен автоматик е опција во двете верзии на моќност.

Новата Mazda3 почнува да вози по македонски асфалт

Mazda CX-30 меѓу најпријатните изненадувања на салонот

Mazda3 стартува со продажба во Германија: Со револуционерен „дизел-бензинец“

CX-5 ѝ донесе рекордна продажба на Mazda

 

Претходна објаваПоловина милион примероци од Skoda Superb од актуелната генерација
Следна објаваЗа овие идни модели на BMW уште е добар зимскиот студ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here