Големи освежувања во понудата од СУВ-модели на Ford на европскиот пазар. Explorer ќе се позиционира над исто така новиот Edge и од крајот на годинава ќе се продава во изведба со плагин хибриден погон. „Американската врска“ на Ford се покажа мошне успешна откако Mustang официјално се нуди на европскиот пазар, тоа би можело да функционира и кај Explorer.
Со хибриден погон со надворешно полнење и системска моќност од 450 КС, новата генерација на Ford Explorer стартува и на европскиот пазар кон крајот на годинава. Големиот седумсед може да извози до 40 километри со енергијата во батеријата, пред да се вклучи бензинецот. Тоа значи дека просечната дневна тура на европскиот возач може да се мине само со погон на струја.
Ford долго ја раководеше моделската политика според основните класи возила, за сега да се покаже дека пазарот во Европа подеднакво ги сака и поголемите и поскапи модели на Ford; СУВ-модели, да нема двоумење
Моделското име Explorer постои од 1990 година и по дебито на салонот во Детроит, во јануари годинава, вози во својата шеста генерација. Ford ќе го нуди моделот во Европа во двете највисоки нивоа на опрема, во спортското ST-Line и луксузното ниво Platinum.
https://photos.app.goo.gl/j7JiWCSTkttzbvoJA
Погонската спрега ја сочинуваат трилитарски V6 со турбонатполнење и 350 КС, електромотор со 100 КС и литиум-јон батерија со капацитет од 13,1 киловатчасови. Највисокиот вртежен момент што заеднички го постигнуваат моторот и електромоторот изнесува 840 њутнметри.
Во нормални услови на возење, погонската спрега ги испорачува њутнметрите само на задната оска; Со полна батерија може да се извозат 40 km, повеќе од просечната дневна километража во Европа
Големиот СУВ скроен по американски терк и тежок 2,5 тони, користи 10-степен автоматски менувач. Во нормални услови, погон добива само задната оска, а по потреба се вклучува предната оска. Според фабрика, просечната потрошувачка изнесува 3,4 литри на сто километри вклучувајќи ги 40-те километри возење на струја.
https://photos.app.goo.gl/BPJ2TedwDVL66Ppp9
Возачот има на располагање четири режими на работа на хибридниот погон, кои соодветно се прикажуваат на дигиталните инструменти со пречник од 12,3 инчи. Бидејќи сопствениците на Explorer честопати го користат своето возило за влечење приколка или глисер, посебно за новиот модел е изведен систем за надгледување на мртвите агли, кој работи и при влечење приколка долга до десет метри.
Седумте режими на возење и ротирачкиот бирач на 10-степениот автоматик се „наследство“ од времето кога Land Rover беше дел од концернот Ford
Автоматската распределба на вртежниот момент меѓу двете оски е задача на новиот разделен преносник со електромеханичка регулација, кој реагира за 100 милисекунди. Возачот дополнително може да избира меѓу седум режими на возење, преку вртлив прекинувач: Нормален, спортски, земјен пат, лизгав пат, приколка и еко, како и специјална програма за возење во длабок снег и во песок.
https://photos.app.goo.gl/oVmPAMCywotGZDn58
Системите за асистенција заеднички се водат како Co-Pilot360 и го следат примерот на Ford Focus. Во обемот на овој пакет стандардно се вклучени автоматско паркирање и отпаркирање, надгледување на мртвите агли зад возилото и помош при излегување во рикверц, самостојно запирање при опасност од незгода, како при возење нанапред, така и наназад. На тоа се надоврзува радарски темпомат, со автоматско целосно запирање и поаѓање од место при возење во застој.
Не може повеќе американски од тоа: 12 држачи за чаша во кабината
Со должина од 5,05 метри и висина од 1,78 метар, новиот Ford Explorer нуди изобилство простор за седуммина патници во трите редови седишта. Американците во својствен стил се погрижија и за полесен пристап назад, со електрично соборување на средниот ред седишта. Кога треба да се превезува товар, на располагање стои простор со зафатнина од 2.274 литри. Само многубројните прегради во кабината располагаат со 123 литри зафатнина.
https://photos.app.goo.gl/kYuqN1ARGAfrW16x7
Во серискиот пакет опрема спаѓаат вентилирани и греени предни седишта, безжично полнење телефон, затемнети задни прозорци, греење на средниот ред седишта, аудиофилско озвучување Bang & Olufsen од 800 вати, безжично поврзување во мрежа за 10 преносни уреди и апликација што овозможува возилото да се отклучува преку телефон, како и далечинско лоцирање на возилото и стартување на моторот.
Дигиталните инструменти се сериска опрема, заедно средишен со дисплеј од 8 инчи во Ford Edge ST-Line, односно 10 инчи во Edge Premium
Во ST-Line стандардно се вградува средишен дисплеј од 8 инчи, поставен исправено, односно од 10 инчи кај нивото Premium. Препознатлив белег низ 29-те години на моделската серија Explorer се црните предни и задни столбови, како и Ц-столбовите во боја на каросеријата. Новата генерација добива повеќе спортска динамика со покривот кој се спушта наназад и со кусиот каросериски превис напред.
https://photos.app.goo.gl/eNnfZJNLMrSyrcqeA
Производството на новиот Ford Explorer се одвива во фабриката во Чикаго. Откако стартуваше моделската серија пред близу три децении, продадени се повеќе од осум милиони примероци, што на Ford му дава право да го води моделот како „најпродаван СУВ на сите времиња во светот“.
Многу новитети во СУВ-понудата на Ford; Тоа всушност го бара пазарот
Врвот во понудата од СУВ-модели на Ford на европскиот пазар моментно го сочинува Edge, кој чини околу 35.000 евра. По неодамнешното претставување на новата генерација на Kuga, најавата за стартот на Explorer е уште една голема промена, којашто ќе придонесе марката да биде многу позастапена и поубедлива на европскиот пазар на СУВ-модели и кросовери. Како дополнително изненадување пристига и нова Puma, но не како купе на база на Fiesta, туку како СУВ – на база на Fiesta.
https://photos.app.goo.gl/gSDZ5XmfosqtfTD58
Explorer на пазарот во САД моментно стартува од 32.365 долари, што е околу десетина проценти над цената на Edge. Врвот и натаму му припаѓа на Expedition, со цена од преку 50.000 долари. Моделите на Ford со американски гени досега минуваат одлично меѓу европските купувачи. Тука е примерот на Mustang, кој првпат по повеќе од 50 години се појави официјално во европските салони и речиси од старт се избори за титулата на најпродавано спортско купе. Тоа може да се повтори и со Explorer. Но, и противниците се големи и носат имиња како Volkswagen Touareg или Volvo XC90.
Ford за три години ќе пушти 30 нови модели во Кина
Идната Ford Puma ќе биде СУВ и ќе вози како благ хибрид
Ford Kuga радикално сменета и заслужено нова
Ford Focus и Fiesta добиваат благ хибриден погон
















