Норвешка брои 100 станици со супербрзи полначи од Ionity

Ionity полначи за струја

Со новата станица во Риге, светскиот електро-шампион Норвешка ја доби стотата станица со супербрзи полначи на Ionity. Станува збор за дел од таканаречената мрежа HPC (High Power Charging), којашто треба да ја покрива целата територија на Европа и нуди висока моќност, за исклучително кусо полнење на батеријата на електричните автомобили.

Со станицата раководи локалниот партнер Circle K. На располагање стојат шест полначи за струја и најмодерна технологија според европскиот стандард за полнење CCS (Combined Charging System). Капацитетот на пренос достигнува до 350 киловати.

Во овој норвешки град моментно постојат 52 полначи за еднонасочна струја со различен капацитет и од различен оператор. Риге е појдовно место при патување со електричен автомобил на подолга релација, почнувајќи од Осло до Гетеборг, Малме, Копенхаген или Хамбург. Капацитетот од 350 киловати е моментно највисоката вредност што може да се постигне. Тоа овозможува значително покусо полнење на батеријата.

Најпродаваниот автомобил во Норвешка вози на струја: Nissan Leaf

Првиот салон на Polestar се отвора во Норвешка

Норвешка и Италија се поврзуваат со 180 супербрзи полначи за струја

Претходна објаваSkoda Superb iV е хибрид што кај нас може да биде ослободен од 10% акциза
Следна објаваVolvo V90 е такси на годината во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here