за

Хибридни и електрични автомобили прават 43% од европскиот пазар

Речиси половина од вкупниот број на нови возила што се пуштени по патиштата во ЕУ во третиот квартал се батериски електрични или хибридни автомобили.

Целосно електрични и хибридни возила учествуваат со 43 проценти во продажбата на нови автомобили во ЕУ во третиот квартал. Тоа се податоци што официјално го соопшти лобито на европските производители на автомобили АЦЕА.

Во периодот меѓу јули и септември лани, сите видови електрифициран погон, значи батериски електричен, хибриден и приклучен хибриден погон, учествувале со помалку од 40% во вкупнaта продажба на автомобили во ЕУ.

Батериските електрични автомобили ја зголемиле својата продажба за 22 проценти во споредба со третиот квартал лани. Тие веќе учествуваат со солиден процент на пазарот и во минатиот квартал постигнале удел од 11,9 проценти, наспроти 9,8% лани. Од секои десет продадени автомобили, еден вози чисто на струја.

Напредувала и продажбата на приклучните хибриди, кои учествуваат со 22,6 проценти од пазарот (21,2% лани). Иако опаѓа продажбата на автомобилите што имаат само бензински или дизел мотор, тие продолжуваат да доминираат на пазарот и на нив отпаѓаат вкупно 54,3 проценти.

Од јули до септември, бројот на новорегистрирани автомобили со бензински мотор се намалил за 3,3 проценти, со вкупно 823.360 возила. Соодветно на тоа се намалил и уделот од 39,3% во третиот квартал лани, на 37,8% во истиот период годинава. Бензинците и натаму остануваат најпродавана погонска опција во ЕУ.

Слично е со дизелот, чијашто продажба се намалила за 4,7 проценти на 360.596 возила. Уделот на дизелот се намалил за 1 процентен бод, на 16,5% од вкупната продажба. За споредба, во третиот квартал лани, дизелот имал удел од 17,5 проценти.

Од сите видови погон, батериските електрични возила постигнале најголем раст во продажбата, со 22% во плус и со вкупно 259.449 нови регистрации во ЕУ. Со исклучок на Данска (-2,6%) и Италија (-35,0%), сите пазари во Унијата придонеле за напредувањето во продажбата. Кипар (+490,0%), Летонија (+231,8%) и Романија (+213,4%) дури имаат неколкукратно зголемување.

Од друга страна, опаѓа продажбата на приклучни хибриди, кои во последниот квартал заостанале 6,0% зад резултатот од третиот квартал во 2021 година. Тие воедно имаат и најголем пад во продажбата од сите видови погон. Италија и Франција имаат двоцифрено намалување на продажбата на приклучни хибриди (со -22,2% односно -14,3%). Помал е падот во Германија и Шпанија (-0,9% и -1,0%). Уделот на овој вид погон опадна соодветно на 8,5 проценти.

Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Пријатно изненадување е растот во продажбата на возила со хибриден погон, којашто напредувала за 6,9 проценти. Со тоа следи и соодветно зголемување на пазарниот удел за 1,3 процентен под. Хибридите учествувале со 22,6% во вкупната продажба на возила во последниот квартал. Најголем пораст имаат Италија (+20,8%), Франција (+15,6%) и Шпанија (+11,3%).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Продажбата на возила со погон на метан продолжи да опаѓа драстично, со 52,4% во минус, главно поради намалувањето на интересот за овој погон во Италија (-71,2%). Повеќе од 40% од продажбата на возилата со погон на метан во ЕУ отпаѓа на италијанскиот пазар. Во минус се и возилата со погон на автогас, со -9,5% и вкупно 55.418 продадени возила. Двата најголеми пазари за овој погон бележат минус: Франција (-14,9%) и Италија (-3,1%).

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Zeekr е следната марка од Кина со електрични автомобили за Европа

Пред 50 години е произведен првиот Subaru со погон на сите тркала