Откако стартуваше со Subaru Leone 4WD Estate Van, првиот големосериски патнички автомобил со погон на сите тркала од јапонско производство, во септември 1972 година, компанијата досега има произведено околу 21 милиони возила од овој вид.
Околу 98 проценти од вкупната продажба на Subaru во светски рамки годинава, вклучувајќи ги и возилата што се продаваат под друга марка, отпаѓа на модели со погон на сите тркала. Тоа оди во задолжителна комбинација со боксер мотор, уште една специјалност на јапонската марка.
Посебноста на прочуениот Subaru Symmetrical AWD е симетрично поставената погонска спрега, заедно со надолжно вграден боксер мотор, што е точно во линија со карданското вратило до задниот диференцијал. Предноста на боксерот е во тоа што обезбедува ниско тежиште и совршен тежински распоред, односно совршена симетрија. Тоа ги подобрува стабилноста и тракцијата, обезбедува врвни возни својства по секаков пат и во сите временски услови.
Дополнително на оваа „хардверска„ основа, Subaru постојано додава нешто ново во својот погон на сите тркала, раководејќи се според начелото на „производство на автомобили што се ориентира според човекот“. Идејата е да се постигне поголема сплотеност со возилото и да се понуди „уживање и мирна глава“ за возачот и патниците.
View this post on Instagram
Subaru не се откажува од својот погон на сие тркала и во ерата на електрификацијата. Во моделите што носат ознака e-BOXER и се продаваат на јапонскиот пазар и уште неколку региони ширум светот, будниот мотор дозволува уште попрецизна контрола на погонот на сите тркала.
Електричниот СУВ-модел Solterra користи два електромотори за да реализира погон на сите тркала. Секако дека во моделот е применета сета експертиза што Subaruја има стекнато низ годините. Развојот на електричниот погон во компанијата почна во 2005 година, со идејата и со новиот погон да се понудат возни својства и уживање што се одлика на Subaru.
Subaru Outback единствен го помина новиот американски краш-тест