за

Германскиот пазар порасна 17% во октомври, чип-кризата попушта

Специјалистот за електричен погон Polestar забележа најголем раст во продажбата од 230 проценти, а следи премиум марката DS, што e дел од Stellantis, со раст од 177 проценти.

Продажбата на нови автомобили во Германија пораснала 17 проценти во октомври, како резултат од подобрувањето на ситуацијата во снабдувањето со микрочипови. Главниот тренд на најголемиот пазар во Европа и натаму го имаат електричните автомобили.

Во октомври на германскиот пазар биле новорегистрирани 208.642 автомобили. Целосно електричните возила постигнале зголемување од 17 проценти во продажбата и удел од 17,1 проценти. Слично напредувала и продажбата на автомобили со дизел мотор, со +18 проценти и со пазарен удел од 17,5 проценти. Кај бензинците има зголемување од 3,1 проценти, меѓутоа нив им припаѓа најголемиот дел од пазарот, со 32 проценти пазарен удел.

Заедничко за двете марки што постигнале најголемо зголемување во продажбата е тоа што се работи за своевиедни подмарки, изведени од големи и докажани марки. Polestar е посестринска компанија на Volvo Cars и има најголем месечен раст, со +230 проценти. DS е премиум марка што му припаѓа на концернот Stellantis и исто така е посестринска марка на матичниот Citroen. Нејзиниот раст во октомври изнесува 177 проценти.

Меѓу останатите победници во минатиот месец се Tesla (+117%), Audi (+95%), Alfa Romeo (+83%), Seat (+64%) и Skoda (+51%).

Германските премиум марки имале различен успех во минатиот месец. Додека Mercedes-Benz ја зголемил продажбата за 19 проценти, конкурентот BMW изгубил 14 проценти во споредба со ланскиот октомври.

Најпродавана марка традиционално е Volkswagen, чијшто раст во октомври изнесува дури 46 проценти. Од јануари до окомври, германскиот пазарот се скусил за 5,5 проценти, на 2,07 милиони патнички автомобили.

Најпродавана каросериска форма е СУВ, со удел од +20,1 %, на моделите од компакт класата отпаѓаат 17,1 проценти, следат градските модели (11,8 %) и средната класа (10,2 %).

Силно напредува и хибридниот погон, со 68.533 продадени возила со овој вид погон и удел од 32,8 проценти. Во оваа категорија, половината од возилата имаат приклучен хибриден погон (32.064 возила, пазарен удел 15,4 %/+35,1 %). Со погон на автогас се продале само 927 возила, уште послабо минува продажбата на возила со погон на метан (126 возила/-23,6 %).

Просечната емисија на CO2 од сите продадени автомобили е намалена за 4,1 проценти и изнесува 107,3 грами на километар.

Kia Sportage во октомври достигна близу 40.000 продадени примероци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пред 50 години е произведен првиот Subaru со погон на сите тркала

Автомобилски компании ги запираат рекламите на Твитер