Kia Sportage во октомври достигна близу 40.000 продадени примероци

Во октомври на светскиот пазар се испорачани 238.660 возила Kia, што е за 8,6 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани. Во глобални рамки, Kia е 2,6% во плус во продажбата во првите десет месеци од годината, со 2.410.246 возила или за 2,6 проценти повеќе од лани.

СУВ-моделите ја предводат продажбата на Kia во октомври. Моделските имиња се добро познати, Sportage како „светски бренд“ и Seltos како модел што му се придружува на Sportage на пазарот во САД. Во глобални рамки, Kia Sportage во октомври достигна 44.475 продадени примероци, веднаш потоа следи Seltos со 26.918 примероци. Високо котира престижниот СУВ-знаменсоец Sorento, со дури 18.130 примероци во октомври.

На извозните пазари, Kia продаде 195.628 возила или за 7,5 проценти повеќе од лани. Sportage и Seltos се бестселери, со 39.525 и 23.768 примероци соодветно. Клучните пазари, вклучувајќи ги САД, Азија и Пацификот, Индија, сите постигнаа зголемување на продажбата.

На домашниот, јужнокорејски пазар, Kia во октомври испорачала 43.032 возила, за 13,7 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани. Прв избор на купувачите таму е еден од најпрестижните модели на марката, големиот Sorento, со 5.127 продадени возила. Втор по продажба е Sportage, со 4.950 примероци.

Тест · Kia Rio 1.0 T-GDi 120 Mild Hybrid

Претходна објаваKia ја зголемила продажбата за 10%, прометот пораснал за третина
Следна објаваСо електрично Peugeot од крај до крај низ Британија без ниту едно пени трошок

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here