за

Со електрично Peugeot од крај до крај низ Британија без ниту едно пени трошок

Секој десетти јавен полнач за електрични автомобили во Велика Британија е бесплатен за користење. Тим на Peugeot ја мина целата земја без да плати ниту едно пени за струјата за полнење.

Повеќе од една десетина од 35.000 јавни електрични полначи во Велика Британија се бесплатни за користење. Peugeot се впушти во патување по крајбрежјето, во должина од преку 4.300 километри, за да докаже колку е разгранета оваа мрежа од полначи. Патување без ниту едно пени за струја.

Почнувајќи од Лендс Енд, буквално од завршетокот на земјата, во Корнвол, рутата водеше долж јужното и источно крајбрежје, погоа угоре низ Шкотска, преку Џон Оу Гроатс, за потоа патувањето да доведе назад во Лендс Енд, преку Велс. Сето тоа, со користење бесплатни јавни полначи за електрични автомобили.

Најдолгото растојание меѓу две станици со бесплатни полначи била рутата меѓу Челмсфорд и Сандрингам, во должина од 270 километри. Тоа е растојание што без каква било неизвесност се минува со досегот од 360 километри на Peugeot e-208. Меѓу големите предности на наследникот на легендарната лоза 204-205-206, спаѓа и можноста за користење брзи полначи, со моќност до 100 киловати. На овие полначи, батеријата се полни од 0 до 80% за околу 30 минути.

Повеќето од приближно 4.400 станици со бесплатни јавни полначи во Британија се поставени во трговски центри, хотели и на јавни паркиралишта. Со полначите раководат самите трговски центри, сопствениците на земјиштето, а во дел и градските власти. Идејата е на возачите да им се понуди бесплатно полнење во времето додека тие се во шопинг, односно додека преспиваат во хотел.

Пресметките што ги направија во Peugeot во Британија покажуваат дека истото патување, со модел со бензински или дизел мотор би чинело 421 фунти, односно преку 30.000 денари

Во случај да се користи брз полнач со 50 kW, полнењето до 80% би чинело околу 26 фунти, додека при користење домашен полнач и евтина тарифа, наполнетост на батеријата од 80% би чинела 6,80 фунти.

Според Zap-Map, 84% од јавните почначи во земјата се „брзи“, односно испорачуваат меѓу 7,5 и 22 kW

Џули Дејвид, директорка на PEUGEOT UK, го коментира потфатот: „Патувањата се прекрасен начин да се искуси тоа што Велика Британија има да го понуди. Нашето истражување покажа дека возачите на електрични автомобили може да постигнат значителна заштеда во трошоците, благодарение на мрежата од јавни полначи што се бесплатни за користење. Мала е веројатноста дека возачите ќе го поминуваат целиот круг во должина од 2.688 милји, меѓутоа нашето истражување посочува дека недоволно се искористува потенцијалот на мрежата од бесплатни полначи во Велика Британија.“

PEUGEOT в година стартува со целосно електрична верзија на новиот 308, којашто им се придружува на e-208 и e-2008, e-Rifter и e-Traveller.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage во октомври достигна близу 40.000 продадени примероци

Suzuki S-Cross службено возило на регатата Рут ду Рум