Третпат во низа Suzuki е партнер на Рут ду Рум, со своите автомобили и вонбродски мотори. Рутата од Франција до Вгадалупе е кралицата на сите транслатлански регати со едночлен екипаж. Suzuki е дел од организацијата, а ќе се грижи и за посетителите на настанот.
Илјадници едриличари на секои четири години се впуштаат во незамислива авантура, од Сен Мало во Бретања, Франција, до Поан а Питр на Гвадалупе. Дванаесеттото издание на овој исклучителен настан почнува на 6-ти ноември. Марката Suzuki ја придружува регатата.
Партнерството меѓу Suzuki и Ла Рут ду Рум – Одредиште Гвадалупе започна во 2014 година. Ова ќе биде третпат, Suzuki да биде вклучен во организацијата на трансатланскиот спектакл.
Возен парк од 15 автомобили Suzuki S-Cross, што првпат се состои целосно од возила со хибриден погон, ќе им стои на располагање на учесниците и на гостите, во делот од настанот што се одржува на копно. На море, 60 гумени чамци со цврст труп (RIB), задвижувани од вонбродски мотори на Suzuki, ќе се грижат за безбедност при поаѓањето и пристигањето.
Петнаесетте Suzuki S-Cross со хибриден погон ќе им стојат на располагање на директорите на трката, на скиперите и на нивните тимови, на медицинскиот персонал и обезбедувањето, како и на јавните личности. Во 12 возила работи целосно хибриден погон на Suzuki, што во минатиот месец го тестиравме обемно низ Македонија, во Suzuki Vitara 1.5 Strong Hybrid. Истиот погон се вградува и во престижниот модел S-Cross. Во три од возилата работи 48-волтен благ хибриден погон SHVS.

На стартот во Сен Мало, регатата ќе ја придружуваат 55 гумени чамци Highfield, со должина меѓу 6 и 9 метри, коишто се посебни по тоа што имаат алуминиумски труп. Во нив секако работат вонбродски мотори на Suzuki, со моќност меѓу 140 и 300 КС.
На самото место и на известувањата од настанот ќе биде мошне забележливо присуството на марката Suzuki. Штандот е поставен под градските ѕидини на прочуената Сит Корсер, срцето на местото Сен Мало од коешто поаѓа регатата. При констурирањето на штандот се внимаваше посебно да се користат природни материјали од обновливи извори.
Марката постигна солиден напредок во електрификацијата и денес нуди хибриден погон во сите модели во својата понуда, од Ignis, преку евергринот Swift, до Vitara и S-Cross коишто се достапни и со 48-волтен благ хибрид и со 140-волтен целосен хибриден погон. Секако дека и Jimny не смее да отсуствува од настан од ваква природа.
View this post on Instagram
Двајца скипери во регатата се спонзорирани од Suzuki, а марката ќе доделува и награди во сите шест категории на едреници.
Suzuki Vitara Strong Hybrid · Колку менува брзото возење кај хибриден погон?
















