за

Автомобилски компании ги запираат рекламите на Твитер

General Motors реагираше веднаш откако шефот на нивниот најголем конкурент Tesla, Илон Маск, го презеде твитер, и ги запреа рекламите. Volkswagen го следи примерот.

По преземањето на Твитер од Илон Маск, моќната друштвена мрежа е ставена на црвената листа на General Motors, концернот на којшто Tesla му одзеде голем дел од пазарот. Оттаму реагираа веднаш и ги запреа своите реклами на Твитер. Сега и концернот Volkswagen им препорачува на своите марки да ги запрат рекламите на мрежата на Илон Маск.

Друштвените мрежи се голема занимација на производителите на автомобили. Цели одделенија се грижат за навреме да им одговорат на клиентите, се грижат и за инфлуенсерите и секако дека на мрежите се активни за да ги рекламираат своите производи и услуги.

Откако Илон Маск, меѓу другото шеф на Tesla, го презеде Твитер за 44 милијарди долари, многу нешта се сменија на оваа мрежа за споделување кратки вести. Маск ветува дека Твитер ќе се подобри во поглед на транспарентноста и слободата за искажување на мислите. Неколку производители на автомобили сепак имаат сомнежи, затоа што сопственикот на друштвената мрежа е прв човек на автомобилска компанија којашто им конкурира со своите производи.

Меѓу скептиците се американскиот производител General Motors се наоѓа и француската марка Citroën, којашто е дел од концернот Stellantis. Откако Маск го презеде Твитер, од General Motor објавија преку каналот CNBC, дека привремено ќе ја запрат својата реклама на Твитер. Производителот треба прво да се увери во која насока ќе се движи мрежата. Така се постапува, кога се менува сопствеништвото на одредена медиумска платформа.

Синоќа се јавија за збор и од концернот Volkswagen. На марките на концернот и се препорачува „до следно да ги запрат своите платени активности на платформата“. Како причина се наведува дека Твитер под новиот шеф најавил дека ќе ги преработи смерниците за поставувањето на рекламите.

Тоа уште не значи дека производителите трајно ќе се откажат од рекламирање на Твитер. Француската марка Citroën беше многу повеќе јасна околу преземањето на мрежата и прва искажа официјален став.

Од Citroën објавија на својот профил на Твитер

Содржината на овој твит уште не значи дека марката ќе се повлече од Твитер, туку повеќе укажува на фактот дека таму се свесни околу можните последици од преземањето на мрежата.

Тоа не се добри вести за Илон Маск. Твитер и без тоа се мачи со финансиите веќе со години и обично бележи загуба. Кога ќе си заминат големите клиенти, од рангот на GM или VW, тоа може само дополително да ги влоши финансиите. GM е регистриран уште во 2007 година, значи една година по стартот на мрежата.

Доколку почне верижна реакција и производителите се откажуваат масовно, тие само ќе ја следат стратегијата на Маск во поглед на рекламирањето. Тој цени дека неговите автомобили не треба да се рекламираат, туку на друг начин треба да се привлече вниманието на сцената. Проблемот е во тоа што најновата компанија на Маск функционира токму од наплата на реклами.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германскиот пазар порасна 17% во октомври, чип-кризата попушта

Британскиот кралски автоклуб му оддаде признание на Mercedes-AMG ONE