за

Opel Corsa стартува со електричната изведба, дизели и бензинци малку подоцна

Opel Corsa-e premiera
Opel Corsa-e premiera

Погонот на струја граби напред брзо и без колебање, новата генерација на Opel Corsa ќе биде достапна за нарачки прво во електричната изведба, а потоа ќе следат изведбите со обични мотори. Нема што да се забележи, 136 КС, 330 километри, половина час на брз полнач… Тие што останува да реагираат се само властите.

Шестата генерација на Corsa е прв модел на Opel со целосно електричен погон, со моќност од 136 КС и досег од 330 километри според новите норми. Opel ја избра својата најпродаваната моделска серија со цел да даде дополнителен поттик за електромобилноста и натамошна популаризација на чистиот и штедлив погон.

Нарачките за Opel Corsa-е ќе стартуваат за неколку недели, а брзо потоа ќе следат и моделските изведби со бензински и дизел мотори

Убава симболика за премиерата на електричниот модел претставува и одбележувањето на 120-годишнината на Opel. При користење на брз полнач, батеријата од 50 kWh се полни до 80% за половина час. Гаранцијата за батеријата изнесува 8 години.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во возењето може да се избира меѓу трите режими – нормален, еко и спортски. Во последниот модус, се става повеќе нагласок на возната динамика и на моќното повлекување, на сметка на досегот. Во еко-режимот следи спротивниот сличај, со повеќе досег и порелаксирана работа на погонската спрега.

Со 130 КС и со вртежен момент од 260 њутнметри уште од старт, Opel Corsa-e спринтува од место до 50 km/h за 2,8 секунди, односно до 100 km/h се потребни 8,1 секунди

Каросеријата е долга 4,06 метри, а покривот има линија во стил на купе и за 48 милиметри е понизок во споредба со претходната Corsa, без притоа да се скусува од просторот за глава за патниците. Возачот седи 28 милиметри пониско. Во целина, од ниското тежиште профитираат возните својства и возачкото уживање. Списокот на дополнителна опрема меѓу другото нуди дигитални инструменти или кожени седишта.

New item by Automedia MK / Google Photos

Важна ставка во списокот на опции се матричните диодни светла, кои Opel прв ги нуди во класата на градските автомобили. Осумте диодни модули се управуваат со помош на камера од последната генерација и се приспособуваат според условите и средината.

New item by Automedia MK / Google Photos

Кај системите за асистенција веќе се подразбира опција за приспособлив темпомат, систем за самостојно паркирање или камера за сообраќајни знаци.

Мултимедиски системи и нова телематска услуга Opel Connect

Како што е ред денес, Corsa нуди висок степен на конективност, вклучувајќи мултимедиска навигација со колор дисплеј од седум или 10 инчи. Големо внимание е посветено во развојот на новата телематска услуга Opel Connect, со навигација во реално време и цела низа корисни услуги во возењето.

New item by Automedia MK / Google Photos

Платформата е заедничка со новиот Peugeot 208, меѓутоа ниту дизајнот на каросеријата, ниту кокпитот не укажуваат на тоа. Цените се очекува да бидат објавени веќе во почетокот на јуни.

Opel Grandland X со три „мотори“ и 300 КС

Opel Grandland X со специјална понуда за македонскиот пазар

Opel Combo со погон 4×4 по специјална нарачка

По 26 години: Последната Opel Corsa од германска продукција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

renault megane rs trophy-r rekord

Renault Megane R.S. Trophy-R е новиот рекордер на Нирбургринг

euroncap krastest maj19

Седум нови модели на краш-тест, сите по пет ѕвезди