за

Opel Combo со погон 4×4 по специјална нарачка

Opel Combo 4x4

Товарната изведба на Opel Combo отсега е достапна во изведба со погон на сите тркала. Преправката е дело на францускиот специјалист Dangel, по желба може и растојанието од подлогата да се зголеми до 8 сантиметри.

Opel Combo добива уште една квалитетна особина, што е реткост во неговиот сегмент. Во изведба на францускиот специјалист Dangel, кој долги години се занимава со таков вид на преработки, малечкиот транспортер вози со погон на сите тркала.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Услугата на Французите чини екстра 6.400 евра (на германскиот пазар). Како што наведуваат од Opel, колегите од Алзас учествувале во развојот на Combo, кој меѓу другото е „Светски ван на годината“. Управувањето и водењето на тркалата, на пример, уште во развојот се предвидени за изведба со погон 4х4.

Избор „Eco” за погон напред или „Auto 4WD” за погон на сите тркала

Преку вртливиот бирач стојат на располагање Еко и Автоматски 4х4 режим. Во првиот, погонот е само напред, додека во вториот случај, задната оска се вклучува преку вискозна спојка во средишниот диференцијал кога ќе се регистрира пролизгување на предните тркала.

За тешки услови постои и режим „R.Lock“, при што се фиксира распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски. Со доплата се испорачува блокада за задниот диференцијал.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Заптитните плочи за моторот и менувачот се стандард. Растојанието од подлогата е зголемено за 20 милиметри. Постои опција за клиренс зголемен за 80 милиметри, како и за заштита на резервоарот и задната оска.

Комбинацијата 4х4 е достапна само со 1,5-литарскиот дизел со 130 КС и шестстепен мануелен менувач.

По 26 години: Последната Opel Corsa од германска продукција

Opel се враќа на рускиот пазар

Opel во Русија, Peugeot во Северна Америка, Citroen во Индија

Opel првпат профитабилен по 20 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автомобили на полнач

Калифорнија сака да вози само на струја по 2050 година

Porsche прирачници за олдтајмери

Porsche до перфекција: Свежо печатени прирачници за олдтајмерите