Renault Megane R.S. Trophy-R постави нов рекорд за сериски автомобили со преден погон на легендарната Нордшлајфе на Нирбургринг. Францускиот возач Лорен Хургон ги совлада 73-те свијоци на патеката долга 20,6 километри за време од 7:40,100 минути.
Станува збор за посебна варијанта од неодамна претставениот Megane R.S. Trophy со смалена тежина. „Trophy-R“ ќе стартува со продажба кон крајот на годината и ќе биде достапен во серија ограничена на само неколку стотини примероци.
Спортскиот компакт развиен од Renault Sport располага со иста моќност од 300 КС од 1,8-литарскиот турбо бензинец како „Trophy“, но е за околу 130 килограми полесен. На тоа следуваат и вешти преправки и дотерувања на подвозјето и во аеродинамиката.
Започна Renault Twingo Cup, победа на Мартин Делев
Renault EZ-Pod: Кога одењето пеш ќе излезе од мода
Renault Captur II пристига годинава, има и две хибридни верзии
Renault поаѓа во освојување на светот со доставни возила
















