за

Renault поаѓа во освојување на светот со доставни возила

Renault Trafic Master strategija

Доставните возила обично не се ѕвезди на автомобилската сцена. Транспортерите повеќе се тивки херои во мобилното секојдневие и јавноста ги забележува само кога ќе паркираат во втор ред и го блокираат сообраќајот. Производителите сепак им се радуваат на своите „лесни доставни возила. Renault лани постигнал удел од 14,9 проценти на европскиот пазар. Следната цел е овој успех да се пренесе и на целиот светски пазар.

Французите лани продале 620.000 доставни возила или за 34% повеќе отколку во 2017 година. До 2050 година, транспортот на стока ќе се зголеми четирипати. Така беше соопштено при претставувањето на освежените моделски годишта на Renault Trafic и Master во Париз. Заедно со јапонските партнери Mitsubishi и Nissan, Французите поставуваат цел да станат светски лидер во овој сегмент и да продаваат повеќе од 2,5 милиони возила годишно.

https://photos.app.goo.gl/wHFikoLX6RC6nFP5A

Како и обично, кинескиот пазар има решавачка улога. Компанијата Jinbei беше основана во 2017 година, заедно со Brilliance. Без кинескиот партнер, порастот во ланската продажба ќе изнесуваше само 0,9 процент. До 2022 година, Renault и партнерите ќе изградат понуда од седум модели на доставни возила за кинескиот пазар. Три од нив ќе бидат со погон на струја. Освен од Кина, има големи очекувања и од јужнокорејскиот пазар.

Master е првиот транспортер на Renault што стартува во Кина. Во меѓувреме се разгледуваат можности за старт и на пазарот во Индија, кадешто француската марка има впечатливо пазарно присуство со своите патнички автомобили.

https://photos.app.goo.gl/SqxpfzRtj4DrpF6U7

Renault е лидер во Бразил, Мексико, Колумбија и Аргентина. Пикапот Duster Oroch од аргентинска продукција е најпродаван модел во класата, а од неодамна се продава и специјална изведба на Renault Kangoo за локалниот пазар.

Во Европа, прв на ред е планот Mitsubishi да ја користи платформата на Trafic за сопствено доставно возило, што ќе се произведува во Франција. Голем нагласок се става и на електричниот погон кај доставните возила. Покрај E-Master, до 2022 година ќе се понуди и верзија со погон на струја од Trafic, а за крајна достава во урбани средини се планира EZ-Flex. Десет примероци од овој електромобил управуван од автопилот наскоро стартуваат со тестирање во секојдневни услови на користење во Франција.

https://photos.app.goo.gl/hmhGiQxnY95Ru2Y97

https://photos.app.goo.gl/SYsm7g1HVHt6FJ6P6

Volkswagen и Renault водечки, Dacia и Mitsubishi со најголем раст во Европа

Renault ја претстави електричната „Dacia“ во Шангај

Renault Twingo Cup од годинава се вози и во Македонија

Новиот Renault Clio стартува од 14.100 евра на францускиот пазар

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin DBS Superleggera Volante

Турбо провев и симфонија во 715 КС за возачи на Aston Martin

BYD фабрика Кина електрични автомобили

Кинескиот BYD отвора четврта фабрика, капацитет за уште 400K електромобили