за

Renault Captur II пристига годинава, има и две хибридни верзии

Renault Captur 2 probno vozenje

Откако Clio премина во нова генерација, истиот чекор треба да го направи и кросоверот Captur. Моментно се привршуваат тест-возењата со маскираните прототип, но пак се насетува стилска врска со Clio. Важен новитет ќе биде понудата од две верзии со хибриден погон.

Renault Captur стартуваше во 2013 година и постигна одличен успех за француската марка. Во меѓувреме, конкуренцијата порасна и се поднови, така што Французите мораат да го поместат стартот на новата генерација порано. Втората генерација на Captur ќе биде претставена уште во текот на годинава, веројатно на салонот во Франкфурт рано наесен. Испораките на моделот сепак ќе следат во почетокот на следната година.

Малечкиот, но стилски кросовер, лани се продаде во повеќе од 230.000 примероци. Голем број марки се вклучуја во конкурентската битка во оваа класа. Seat Arona, Volkswagen T-Cross и Skoda Kamiq се три модели само од германскиот концерн, но годинава пристига и Nissan Juke, а се очекува и нова генерација на Peugeot 2008.

New item by Automedia MK / Google Photos

За повеќе да се истакнува од конкуренцијата, францускиот модел напаѓа таму кадешто е најсилен, во изгледот. Дизајнот на новиот Captur ќе биде многу повпечатлив и со елементи од концептниот автомобил Symbioz од последниот салон во Франкфурт. Внатрешноста во голем дел ќе биде идентична со Clio, вклучувајќи ги големите дисплеи на допир кои веќе стануваат заштитен знак во кокпитот на Renault.

Понудата од мотори ќе биде идентична со новиот Renault Clio

Меѓуоскиното растојание ќе се зголеми, за повеќе простор во кабината. Моторите комплетно се преземаат од новиот Clio, а тоа значи: 1,0-литарски турбо трицилиндарец со 100 КС и 1,3 литарски четирицилиндарец со 130 КС и исто така со турбо натполнење. За посилната изведба ќе се нуди и седумстепен менувач со двојна спојка. Во основниот модел може да се очекува еднолитарскиот бензинец со три цилиндри и „атмосферски“ 75 КС.

Renault Clio V Zeneva

Новитет во погонската понуда е благиот хибрид со ознака E-Tech. Бензинецот од 1,6 литар потекнува од Nissan и располага со 90 КС, на когошто му помага електромотор, за заедничка системска моќност од 130 КС. Подоцна ќе следи верзија со плагин-хибриден погон, со досег до 50 километри при возење само на струја. Французите традиционално нудат и 1,5-литарски дизел со 115 КС. Погон на сите тркала веројатно нема да се вградува ниту во новиот модел. Затоа, пак, кросоверот на Renault ќе добие солидна армада од системи за асистенција, исто така по пример на Clio.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fiat subvencii italija

Fiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил

BAC Mono 100

Bac Mono: Ф1-болидот за по улица достигна 100 примероци