Fiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил

fiat subvencii italija

Европските влади со години наназад им олеснуваат на сопствениците да го заменат стариот автомобил со нов. Fiat прави чекор понапред и нуди можност да се „жртвува“ и автомобилот на соседот или пријателот.

Италијанските возачки и возачи првпат имаат можност да добијат субвенција при замена на стариот автомобил со нов, а без потреба воопшто да го поседуваат автомобилот. Досега мораше да се докажува сопственост над автомобилот, тоа сега отпаѓа. Доволно е да се побара согласност од сопственикот, за неговиот автомобил да се пријави за отпад и да се искористи масивната државна и дилерска субвенција при купувањето ново возило.

Масивна, затоа што висината на субвенцијата може да достигне 6.000 евра, барем кај најскапите модели. Panda во случај на лизинг стартува веќе од 7.600 евра, додека за нов Tipo, исто така под лизинг, во најповолниот случај ќе се отплаќа појдовна вредност од 11.500 евра. Акцијата трае во трите преостанати викенди од мај.

Како што наведуваат од Fiat, иницијативата сведочи за големата поддршка што ја дава итало-американската групација за обновување на возниот парк во Италија, кој е меѓу најстарите во Европа. Понов возен парк значи подобра заштита на животната средина и повисока безбедност.

Fiat ќе плати стотици милиони евра на Tesla за „нула“ CO2

Fiat 500X продолжува со продажба на пазарот во САД

Прослава за 5 милиони примероци од Fiat Panda во Италија

Fiat со дизел мотор во Италија поевтин од бензинец

 

Претходна објаваЕлектричниот Mercedes EQC од денес во сериско производство
Следна објаваRenault Captur II пристига годинава, има и две хибридни верзии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here