Fiat со дизел мотор во Италија поевтин од бензинец

Fiat dizel_poevtin_benzin

Првпат во историјата, модел со дизел мотор чини помалку од ист таков модел со бензинец. Во Италија, Fiat Tipo и Fiat 500L со 95 дизелски КС, месецов ќе бидат поевтини од моделите со бензински мотор

Октомври е месецот во којшто италијанските возачки и возачи ќе бидат особено горди на тоа што го имаат Fiat како домашна марка. Fiat Tipo 1.3 Multijet со 95 КС ќе биде достапен за 11.900 евра во лимузинска и 12.900 евра во комбилимузинска изведба со 5 врати. Комбито ќе чини 14.150 евра. Дополнително се нуди и можност за финансирање „Be-Smart“, со гарантирана вредност на возилото по 3 или 4 години.

Можноста дизел да се купи поевтино од бензинец се нуди и кај миниванот 500L. Во варијанта Urban и со истиот 1,3-литарски Multijet со 95 КС, „српскиот“ миниван чини 15.750 евра. Поволното финансирање е достапно и кај овој модел.

Заштедата, според соопштението за италијанскиот пазар, изнесува околу 3.000 евра наспроти редовната продажна цена на моделот со дизел мотор. Како дополнителна заштеда се наведува и тоа што со еден резервоар, дизелот минува до 400 километри повеќе.

Fiat Punto си замина од производствените ленти

Сите марки на Fiat во Италија на 48-часовен мега-попуст

Fiat_dizel_poevtin_benzin

Претходна објаваКој е тој славен Peugeot 504 Coupe за кого зборува цел Париз?
Следна објаваБерлин од април забранува сообраќај за стари дизели на 11 улици