за

Прослава за 5 милиони примероци од Fiat Panda во Италија

Fiat Panda 5 mio

Fiat Panda ја докажа специјализацијата за градски автомобили на торинскиот производител, со пет милиони примероци испорачани на италијанскиот пазар од премиерата во 1980 година. Во последните седум години, таа е најпродаваниот автомобил во земјата. Прославата значи попуст, во Италија

Италијанците слават повторно. Од премиерата на Fiat Panda во 1980 година, на домашниот пазар се испорачани пет милиони примероци. За прославата да ја следи ушпте подобро расположение, во последните седум години, Panda го предводи списокот на најпродавани автомобили во Италија.

Оваа прослава сепак е во духот на времето. Fiat Panda на италијанскиот пазар ќе стартува веќе од 7.500 евра, а за верзиите со погон на автогас и метан следува екстра попуст од 1.000 евра. Италијанските возачки и возачи ја добиваат оваа понуда за време на последните два викенди во јануари.

Италијанците не пропуштаат да го одбележат јубилејот на Fiat Panda со пригоден филм

Посебно во оваа чест е снимено и промотивно видео, во коешто се прикажува шареноликиот и весел живот на моделот, и секако, на возачите и патниците во Fiat Panda. Тоа што најмногу ги привлекува купувачите на малечкиот автомобил се едноставноста и симпатичноста. Во Италија, Panda практично е бескласен автомобил, погоден дури и за аристократијата.

Многу историски моменти стојат зад ова моделско име. Fiat Panda беше прв градски автомобил со погон на сите тркала во 1983 година, а пред деценија и пол стана и автомобил на годината во Европа, прв од градската класа. Уште во истата 2004 година, Panda се искачи на камп на Еверест, на висина од 5.200 метри. Две години подоцна следеше премиера на верзија со погон на метан. Во 2013 година, повторно прва во класата, Panda доби и систем за самостојно запирање при опасност од судир.

Во меѓувреме и македонските купувачи добиваат интересни попусти:

https://www.facebook.com/Fiat.Macedonia/photos/a.161239000715584/1051504931688982/?type=3&theater

Во Пандино се собраа 365 сопственици на Fiat Panda

Сите марки на Fiat во Италија на 48-часовен мега-попуст

Расте продажбата на автомобили со погон на метан

Fiat 500 достигна два милиони произведени промероци

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Actros Airbus

Како Mercedes Actros го учеше Airbus 320 да вози

bridgestone vgraduvanje rekord

Bridgestone со рекордна испорака на гуми за прво вградување