За време на ноќта во Германија се случуваат необични појави. Авион со големина на Airbus A 320 може да се сретне како вози по автопат – со „мала“ помош од Мercedes Actros SLT. Веројатно постоел и друг, помалку спектакуларен начин да се изведе овој необичен транспорт, но германската пасија за техника повторно си го стори своето.
Airbus A 320 среде ноќ, по автопат, со голем камион кој го влече авионот. На оваа необична сцена можеа да посведочат голем број возачи и бројното локално население покрај главниот автопат на југот на Германија. Авионот долг 60 метри, тежок 90 тони, широк 5 метри, беше закачен на Mercedes Actros SLT, со неговите 630 КС.
Транспортот на авионскиот труп траеше 11 денови. Авионот беше оштетен при тешко приземјување во Талин, Естонија. Рутата низ Германија почна од пристаништето во Либек, по што следеа три денови возење низ регионите на Хамбург, Магдебург, Нирнберг и Штутгарт, до северот на Шварцвалд.
https://photos.app.goo.gl/j2iA7zBx7Ptuzggp6
Несекојдневната влечна композиција двапати морала да излегува од автопатиштата, поради низок мост, продолжувајќи по спореден пат, со безброј маневрирања. При истоварот беше ангажиран уште еден Actros SLT. Авионот го заврши патешествието во воената база за командо-специјалци во Калв. Airbus таму ќе се користи за тренинг во реални услови, за случаи во коишто е загрозена безбедноста на патниците.
Mercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам
Петмилионски тест на Mercedes Actros: 10 % помалку гориво од конкурентите
















