Електричниот Mercedes EQC од денес во сериско производство

Mercedes EQC 400 4matic старт производство
Електричниот Е-Ку-Ц почна да се произведува во 2019 година и остана во производство до лани. Првиот примерок беше Е-Ку-Ц 400 4Матик

Во фабриката во Бремен започна производството на Mercedes EQC, на „мерцедесот“ меѓу електричните автомобили. Книгата со нарачки е отворена, големиот СУВ на батерии се произведува на иста лента со моделите со хибриден погон.

EQC 400 4MATIC, тоа е ознаката на автомобилот за когошто денес ќе се зборува и во главните тв-дневници. Според Mercedes, тоа е прв модел развиен и произведен во рамките на стратегијата Case, којашто спојува конективност, автономно возење, нови услуги, и секако, погон на струја,

Со Mercedes-Benz EQC започнува новата ера на мобилноста. Тој е дел од растечкото семејство на возила со погон само на струја на Mercedes-benz и ги обединува традиционалните својства на марката, како квалитет, безбедност и комфор. На нашите клиенти им нудиме прогресивен дизајн и единствен возен комфор – сето тоа при досег што одговара за секојдневието
Брита Зегер, директорка на продажба во Mercedes-Benz

Производителот наведува досег меѓу 445 и 471 километри според нормата NEDC. Цената на основната моделска изведба во Германија изнесува 71.281 евра, вклучувајќи богата стандардна опрема. Без ДДВ, цената е под 60.000 евра, со што електричниот Mercedes ги исполнува условите за масивната државна субвенција од најмалку 4.000 евра.

Производство на EQC на иста лента со Mercedes C-Class

Од фабриката во Бремен денес излезе првиот примерок од EQC. Моделот таму се произведува на иста лента со лимузината и комбито од C-Class, GLC и GLC Coupe. Погоните се одликуваат со висока флексибилност, така што во секој момент може да се интервенира и да се зголеми продукцијата на одреден модел, зависно од моментната побарувачка.

 

Технички податоци · Mercedes EQC 400 4Matic

Емисија на CO2

0 g/km

Потрошувачка на струја (NEDC)

20,8 – 19,7 kWh/100 km

Досег (NEDC)

445 – 471 km

Време на полнење преку домашен полнач (AC)

11 часови

Време на полнење на брз полнач (DC)

Околу 40 min

Погон

2 асинхрони електромотори, погон на сите тркала

Моќност

300 kW (408 КС)

Вртежен момент

760 Nm

Крајна брзина

180 km/h (ограничено)

0-100 km/h

5,1 s

Батерија

Литиум јон

Капацитет на батерија(NEDC)

80 kWh

Тежина на батерија

652 kg

Должина / Ширина / Висина

4.761/1.884 (2.096) /1.623 mm

Ширина на трага

1.625/1.615 mm

Меѓуоскино растојание

2.873 mm

Багажник

ca. 500 l

Празно возило / Дозв. теж. / Носивост

2.495/2.940/445 kg

Тежина на приколка

1.800 kg

Mercedes-Benz EQC

Цена од (евра)

71.281,00

Mercedes-Benz EQC Edition 1886 Цена од (евра)

84.930,30

Mercedes EQC: Германците уште еднаш го измислија автомобилот

Електричниот Mercedes EQC со светска премиера на 4-ти септември

 

Претходна објаваПо 26 години: Последната Opel Corsa од германска продукција
Следна објаваFiat во Италија плаќа до 6.000 евра за стар автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here