Opel Grandland X со специјална понуда за македонскиот пазар

Opel Grandland X
Opel Grandland X, специјална понуда, Македонија

Opel Grandland X во изведба со турбо-бензинец со 130 КС отсега стартува од 20.990 евра на македонскиот пазар. Понудата е временски ограничена до крајот на јуни.

Опел Македонија подготви специјална понуда за својот компактен СУВ-модел. Како што се наведува во соопштението, „големиот, просторен, удобен, практичен, модерен и богато опремен Grandland X, ги задоволува сите потреби од вистински семеен автомобил.“ Збирот од сите овие квалитети е јасно видлив и достапен за купувачите, и тоа придонесе Grandland X да се најде меѓу најпродаваните модели во класата.

На просторната кабина се надоврзува багажник од 515 литри. По спуштањето на задната клупа се добива товарен прсотор од 1.652 литри. Безбедносната опрема е на вообичаено високото ниво коешто веќе се подразбира како дел од името Opel.

Меѓу најпривлечните ставки во списокот на дополнителна опрема секако се диодните предни светла со приспособлива функција на осветлување. За излети надвор од асфалтот или за возење во отежнати услови на патот се покажува од помош системот IntelliGrip, со посебни режими за кал, песок или снег.

Grandland X со 1,2-литарскиот турбо бензинец со 130 КС е достапен почнувајќи од 20.990 евра. Понудата важи до крајот на јуни, односно до исцрпувањето на контингентот.

Opel Combo со погон 4×4 по специјална нарачка

По 26 години: Последната Opel Corsa од германска продукција

Opel се враќа на рускиот пазар

Bitter CD: Најдобриот „Opel“ на сите времиња

Претходна објаваNissan нуди доставно возило со „знак“ на Kangoo
Следна објаваОсвежување за Audi A4: Нов изглед, дисплеи, благи хибриди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here