за

Nissan Dayz е малечко, но доволно големо да вози само

Nissan Dayz new ProPilot

Во Јапонија започна продажбата на Nissan Days, првото минивозило во коешто се вградува автопилот. Тоа е мошне популарна категорија возила во островската земја, поради ограничениот простор. Нема екстра давачки, нема обврска да се обезбеди паркинг за возилото

Nissan Dayz од денес почнува да вози по улиците низ Јапонија, како прв миниавтомобил што е опремен со ProPilot, технологија што овозможува полуавтоматско возење. Станува збор за нова генерација на моделот, кој традиционално припаѓа во таканаречената кеи-категорија. Овие возила имаат ограничени димензии и моќност, но затоа се ослободени од даночни оптоварувања и од обврска за обезбедување паркинг простор.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Откако стартуваше моделската серија во 2013 година се продадени 430.000 примероци од Nissan Dayz

Системот за полуавтоматско возење ProPilot веќе извесно време се вградува во Nissan Leaf, Serena и во X-Trail во Јапонија. Возилото самостојно забрзува, управува и запира следејќи ја својата лента по автопат. Минито поседува уште голем број системи за асистенција, меѓу другото и приказ од птичја перспектива или автоматско долго светло.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моторот е нов и комбиниран со безстепен менувач Xtronic. Постојат и верзии со хибриден погон, со нова литиум-јон батерија. Мајсторијата на јапонските инженери е во тоа што постигнуваат голема прсоторност, па и доволно простор за багаж во ограничени димензии на каросеријата.

Основната моделска изведба на Nissan Dayz чини 1,27 милион јени или околу 9.400 евра. Оваа генерација на моделот е развиена заеднички со Mitsubishi eK.

Во овие форми се крие следната генерација на Nissan Qashqai

Renault, Nissan и Mitsubishi стануваат рамноправни партнери

Русија започна со производство на новиот Nissan Qashqai

Nissan Micra се осили со турбо-бензинец со 117 КС

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дански шаторски приколки

Данска фирма 50 години произведува шаторски приколки

BMW prodazba septemvri i3

Германските марки со послаб удел кај електричните автомобили