Во фабриката во Санкт Петерсбург започна производството на освеженото моделско годиште на Nissan Qashqai. Локалната верзија на кросоверот има неколку преправки што им се важни на руските возачи
Nissan го прослави почетокот на производството на Nissan Qashqai во фабриката во Санкт Петерсбург. Тоа му отвора слободен пристап на најпродаваниот кросовер на Nissan на големиот руски пазар. Овој важен чин следи кусо по лансирањето на производството на новиот X-Trail, во октомври минатата година.
Освеженото моделско годиште на Nissan Qashqai доби неколку промени во надворешниот изглед и во кабината, но и нови системи за асистенција. Станува збор за самостојно запирање во случај на опасност од судир и предупредување кога при излегување наназад се приближува возило од попречниот правец.
Лани Nissan произведе повеќе од 55.000 возила во руската фабрика во Санкт Петерсбург
Примероците од фабриката во Санкт Петерсбург се наменети посебно за рускиот пазар, а тоа подразбира одредени преправки. Поради слабиот квалитет на патната мрежа во големата земја, и секако, поради екстремните зимски услови, кабината има дополнителна звучна изолација, а амортизацијата работи помеко.
https://photos.app.goo.gl/LxiNhC9rbtPCmS4h8
Руската фабрика на Nissan работи од 2009 година. Лани се произведоа рекордни 56.525 возила, за 23% повеќе отколку една година порано. Тоа е најмладата фабрика во производствениот синџир на јапонската марка.
Nissan Micra се осили со турбо-бензинец со 117 КС
Nissan го сели X-Trail од Англија во Јапонија
Најпродаваниот автомобил во Норвешка вози на струја: Nissan Leaf
Снегот е само зимски украс за оваа лимузина на Nissan
















