153
48 shares, 153 points

Nissan се повикува на пионерската улога кај кросоверите и на салонот во Женева го претстави концептот IMQ. Дизајнот ги навестува идните Qashqai, Juke и X-Trail, но поважен новитет доаѓа под хаубата. Јапонците најавија дека ќе ја пуштат својата варијанта на хибриден погон e-Power и на европскиот пазар.

Nissan имаше еден од повпечатливите концептни автомобили на салонот во Женева. Nissan IMQ го прикажува правецот во којшто ќе се развива дизајнот на идните Qashqai, Juke и X-Trail. Овие модели одиграа важна улога во создавањето на сегментот на кросоверите на европскиот пазар, меѓу другото и со дизајнот. Задача на новите генерации на кросовери ќе биде да ја постигнат следната револуција во дизајнот и концепцијата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Како погонска техника на IMQ се користи следната генерација на e-Power, вид на хибриден погон, при што 1,5-литарски турбо бензинец функционира како генератор, односно испорачува енергија за погонскиот електромотор, во случајов електромотори. Оваа технологија моментно ја користат моделите Nissan Note и Serena за јапонскиот пазар, кои се бестселери во своите сегменти и тоа се должи во голема мера на популарноста на верзиите со e-Power.

Погонските електромотори во Nissan IMQ испорачуваат 340 КС и 700 њутнметри

Засега нема детали околу конфигурацијата на погонската спрега, но во основа се работи за погон на сите тркала, со по еден електромотор напред и назад. Неизвесно е единствено дали моторот во случај на потреба од екстра тракција се вклучува во игра во погонската спрега, место да функционира само како генератор.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напредни функции на автопилотирано возење се подразбираат во IMQ, јапонската марка веќе одамна вложува многу во тоа поле.

Гумите испорачуваат мноштво податоци до контролните системи, кои ја приспособуваат својата работа соодветно на тоа

Нова технологија има и во гумите Bridgestone Connect. Овие „паметни“ гуми испорачуваат податоци за оптоварувањето, притисокот, температурата, тракцијата, истрошеноста и состојбата. Врз основа на овие податоци се калибрираат и контролните системи во IMQ.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Деталите и материјалите во внатрешноста се инспирираат од богатата јапонска традиција на рачна изработка. Во долгиот панел кој го заменува класичниот кокпит се наоѓа дисплеј долг 84 сантиметри. Воланот има посебно ергономска форма и му овозможува релаксирана положба на возачот. Командите за менување на степените се изведени како посебни полиња во самиот обрач, место како денешните рачки.

Во кабината може да се вклучи и виртуелен сопатник, 3D-аватар на совозачкото седиште

Од саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас е познат системот „невидливо до видливо“ (Invisible-to-Visible, I2V). Станува збор за технологија што ги спојува реалниот и виртуелниот свет, односно за нов вид на тоа што до скоро се водеше како збогатена реалност. Меѓу нејзините можности се гледање зад агол, па дури и виртуелен сопатник, како тридимензионален аватар во кабината.

Nissan IMQ од уште неколку агли:
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Русија започна со производство на новиот Nissan Qashqai

Nissan Micra се осили со турбо-бензинец со 117 КС

Nissan го сели X-Trail од Англија во Јапонија

Најпродаван во Јапонија е … Nissan Note, по малку електричен

 

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
48 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *