Mercedes пред 40 години ги вгради првите воздушни перници

Mercedes пред 40 години ги вгради првите воздушни перници

Премиерата се случи во декември 1980, кога воздушна перница за возачот и затегнувач на ременот беа претставени како последна иновација во безбедноста од Mercedes-Benz. Во јануари и февруари веќе се произведоа повеќе од 100 примероци од S-Class од генерацијaта 126 со новите безбедносни системи.

Светот првпат ја запозна иновацијата на салонот во Амстердам, во почетокот на февруари 1981 година. Воздушната перница за возачот, заедно со затегнувачот на ременот, како систем се вградуваа само во S-Class и во купето SEC, а за него се доплаќаше 1.525,50 тогашни дојчмарки.

Веќе од следната година, системот беше достапен како опција и во останатите моделски серии на Mercedes-Benz. До 1992 година, воздушната перница за возач веќе стана стандарна опрема во секој модел од мартката. Две години подоцна се придружи и воздушна перница за совозач како стандард.

https://photos.app.goo.gl/8CYRGYLUKAUNuQ8R8

Воздушната перница се отвора за само неколку милисекунди, со цел да се забави опасното залетување на телото нанапред и да се спречи удар во арматуната табла и воланот. Сензорите препознаваат кога настапува енормно забавување, по што следи палење на гасната смеша, тогаш главно од азот.

Затегнувачот на ременот ги користи истите сензори како перницата и функционира на тој начин што го затегнува ременот за поцврсто да налегне на телото и на тој начин исто така да се спречи опасно забавување на телото.

Во 1995 година, затегнувачите добиваат ограничувач на силата на затегнување. Пиротехничкиот систем на активирање на перниците во 2002 година се дополнува со електронска варијанта, позната како Pre-Safe.

Идејата потекнува уште од 1950-те години, но тогаш не постоеја технички решенија за таа да се примени

Идејата потекнува од 1950-те години, од пронаоѓачот Валтер Линднер, од Минхен. Неговиот изум е регистриран во Агенцијата за патентирање во Минхен во октомври 1951 година. Проблем е техничката реализација. Mercedes се посветува на идејата и во 1967 година ги изведува првите тестирања. Во октомври 1971 година, тогашниот Daimler-Benz AG го патентира системот како „Aufprallschutzvorrichtung für den Insassen eines Kraftfahrzeugs“ (уред за заштита при судир за патници во моторно возило), со број на патент DE 21 52 902 C2.

https://photos.app.goo.gl/xoawYAeo4CTuBYjz5

Во развојот до сериско производство се изведуваат 250 симулации на судир, над 2.500 тестирања на лизгачка санка и илјадници тестови со одделните компоненти. По 15 години, системот конечно е зрел за серија. Во почетокот на воланите пишува „SRS Airbag“ како кратенка од „Supplemental Restraint System“, односно дополнителен систем за задржување, покрај ременот.

>>> Mercedes пред 125 години го произведе првиот големосериски автомобил

Претходна објаваBMW повторно ги кани M-фановите во М-град
Следна објаваToyota унапреди едно чудо менаџери во европската мрежа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here