Mercedes пред 125 години го произведе првиот големосериски автомобил

Benz Velo прв големосериски автомобил

Во месец април 1894 година, во Штугарт е претставен Benz Motor-Velociped. До 1902 година се испорачуваат околу 1.200 примероци од возилото во Германија и уште неколку држави во Европа. Тоа е првиот големосериски автомобил во историјата.

Пред 125 години се случува важна премиера. Светот го добива Benz Motor-Velociped. Возилото тешко 280 килограми е задвижувано од едноцилиндарец од 1,5 КС. Тоа е првиот малечок автомобил. Меѓу поважните иновации на Карл Бенц e директното управување со тркалата. Системот е патентиран една година пред премиерата на Benz Velo и прво се применува во поголемите модели Victoria и Vis-a-Vis.

(на насловната фотографија: Семејството Бенц на патување во 1895 година, од Манхајм преку Шрисхајм до Гросзаксен. Напред е Benz Velo со ќерките Клара и Тилде. Зад воланот на Benz Phaeton е синот Ричард, кој во тоа време е во воена служба и носи униформа. Другите патници се семејни пријатели)

Малечкиот автомобил се појавува на насловната страница на каталогот на Benz & Cie во април 1894 година и тоа во голема мера придонесува за успехот на новиот модел. Од Benz Velo и од неговата изведба Velo Comfortable (од 1898 година) се изработуваат околу 1.200 примероци до 1902 година. Моторите имаат моќност меѓу 1,5 и 3,5 КС.

Ова возило буквално ни го земаат од раце. Сé што произведуваме, се продава
Карл Бенц во интервју за Алгемајнен Аутомобил Цајтунг во 1909 година

Крајната брзина изнесува 20 km/h. Со двостепен менувач со ремен, Velo совладува нагорнина до 10 проценти. Заедно со светлата, кои не се друго освен фенери, цената изнесува 2.000 марки. Производството трае осум години, при што моделот се усовршува постојано. Со доплата од 200 марки се испорачува изведба со мотор од 2,75 КС, а како опција се нуди заштита од сонце, по цена од 100 марки.

Карл Бенц со своето семејство на Benz Comfortable

https://photos.app.goo.gl/xPsqmGCF5kw1B25v5

Velo Comfortable е луксузната изведба. Силниот мотор е стандард, а во цената од 2.500 марки се вклучени дебело поставена клупа за седење и детско седиште. Како дополнителна опрема се нудат пневматици за 350 марки. Од 1899 година, двете изведби на Velo добиват трет степен на пренос.

Првиот големосериски автомобил во историјата постигнува најголема популарност во Германија, Англија и Франција.

https://photos.app.goo.gl/9FjfY6RkngPTBWXo6

Mercedes го испорача 750.000-от камион во „пакет“

Топ 10 Најдобри дизајни на Mercedes во избор на Славче Таневски

Комбе на Mercedes возеше на водород пред 25 години

Mercedes GLS: Меѓу теренците може да има само еден S-Class

 

Претходна објаваЦелиот концерн Volkswagen со 60 млрд. € промет за три месеци
Следна објаваКоја е најстарата генерација на Toyota Corolla што ја знаете „во живо“?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here