139
19 shares, 139 points

Mercedes го претстави развојниот прототип Necar уште во 1994 година. Погонскиот електромотор во „New Electric Car“ добиваше струја добиена преку електрохемиска реакција на водород. Неколку избрани компании моментно користат Mercedes GLC F-Cell во секојдневието.

На 13-ти април 1994 година, Mercedes ги покани новинарите од цел свет во Улм, Германија. Новитетот беше Necar или „New Electric Car“, развоен прототип врз основа на легендарниот MB 100. Светот се чудеше, новиот вид на електричен погон користеше водород место батерија, а од тоа што беше налик издувна цевка, излегуваше чиста вода.

Од лани во ноември, погонот на водород постои во понудата на Mercedes, но само за избрани клиенти. Станува збор за компании со големо општествено влијание, па во сличен контекст и неколку сојузни министерства, кои имаат добиено примерок од GLC F-Cell.

mercedes glc f-cell minister germanija

Водородниот Mercedes GLC F-Cell почнува со продажба

За погонот на водород нема лош збор: Mercedes GLC F-Cell

Водород се точи како гориво на 369 станици во светот

Технологијата постигна солиден напредок во овие 25 години. Додека GLC F-Cell минува 450 километри со водородот во резервоарите, Necar 1 имаше досег од само 130 километри со едно полнење. Крајната брзина со електормоторот од 41 КС изнесуваше 90 km/h. Најголемиот напредок е воедно и најочигледен. MB 100 беше избран како возило, затоа што техниката го одземаше речиси целиот товарен простор.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Минаа две години до Necar 2, со 61 КС и 110 km/h, како и со досег зголемен на 250 километри. Како основа послужи тогашната V-Class. Горивните ќелии, кадешто реагира водородот, беа сместени под хаубата, а резервоарите завршија на покрив.

Во 1997 година следеше Necar 3, врз основа на A-Class. Досегот порасна на 400 km, но главната разлика беше во користењето на метанол, од когошто потоа се издвојуваше водородот со помош на таканаречен реформер.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Necar 4 се појави во 1999 година, повторно на база на A-Class (75 КС, 145 km/h, досег 450 km). Резервоарот за водород беше поставен назад, да се одзема простор во кабината. Посебна варијанта 4a (за „advanced“), доби три резервоари назад, посилен погон и од 2003 година обемно се тестираше во Калифорнија. Вкупно 15 примероци учествуваа во тестирањето во секојдневни услови на возење.

Во 2000 година, Mercedes го претстави Necar 5 (75 КС, 145 km/h, досег 400 km). Реформерот се врати, но и техниката многу се смали и комплетно беше сместена во сендвич подот на A-Class.

Триесетина автобуси со погон на водород беа пуштени да го тестираат и докажуваат водородниот погон во неколку европски метрополи, а подоцна и во уште неколку градови ширум светот

Три години претходно, водородниот погон првпат почна да работи и во комерцијалните возила. Mercedes Nebus 0 405 N имаше седум резервоари за водород на покривот, со доволно капацитет за 250 километри, колку што е дневната тура на градските автобуси. Во 2003 година, првите 30 градски автобуси со водороден погон и 204 КС беа дистрибуирани по европските метрополи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во 2001 година, Sprinter (75 КС, 120 km/h, досег 150 km) докажа дека водородот е применлив и кај доставните возила.

Студија со име F 600 Hygenius, со 115 КС, 140 km/h и досег од 400 km, беше изложена на салонот во Токио во 2005 година. Таа имаше за 40% помала горивна ќелија, но поефикасна и помоќна.

New photo by Automedia MK / Google Photos
Серискиот старт на погонот на водород се случи во 2010 година

Како прв сериски автомобил со водороден погон, Mercedes B-Class F-Cell стартуваше во 2010 година (136 КС, 170 km/h, досег 385 km). Сите возила на водород што досега ги има произведено и испорачано Mercedes, а тоа се повеќе од 300 примероци, досега имаат изминато над 12 милиони километри. Само од F-Cell има 70 примероци во САД, кои извозеа над три милиони километри.

На 29-ти јануари 2011, за 125-годишнината на автомобилот, од Штутгарт стартуваше „Mercedes-Benz F-Cell World Drive“, како прва обиколка на земјата со водороден погон. Три возила B-Class F-Cell минаа низ 14 држави на 4 континенти, правејќи тура од по 30.000 километри. Една од намерите беше да се докаже дека е неопходна изградба на мрежа од станици за полнење на глобално ниво.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За важниот јубилеј пристигна и студијата F125, со плагин-хибридна технологија во комбинација со водороден погон. Досегот изнесуваше 1.100 километри, со 200 km од батеријата и 900 km од водородот во резервоарите. Со 272 КС, автомобилот постигнуваше 220 km/h.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сета оваа долготрајна програма на тестирања и развој заврши со серискиот старт на Mercedes GLC F-Cell, прв плагин-хибрид со водороден погон.

Погонот на „батерија“ го претвори во предност својот најголем недостаток – ограничениот досег; Моментно има далеку над 100.000 станици со полначи за струја само низ Европа

Батерискиот“ погон сепак го претрка водородот, иако предностите се на страната на вториов. Пазарните аналитичари предвидуваат дека батерискиот и водородниот погон долго време ќе бидат присутни заедно на пазарот. Електричниот Mercedes ЕQC стартува наскоро, како конкурент на Audi e-tron и Jaguar I-Pace. Кога истиот чекор ќе го направи автомобил со погон на водород, најмногу зависи од тоа како ќе напревува инфраструктурата од станици за водород. Со години наназад се вложува масивно во полначи за струја, нивниот број во Европа веќе одамна надмина 100.000 станици.

Toyota ќе испраќа возило со водороден погон на Месечината

И тој е двокатен, но користи водород како погонско гориво

Германски министер вози Mercedes со погон на водород


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *