за

BMW повторно ги кани M-фановите во М-град

Новиот филм насловен „The Drop“ ги поканува љубителите на моделите М од цел свет да го посетат M Town.

BMW повторно ги кани M-фановите во М-град

Спортското одделение BMW M GmbH сними нов филм, како дел од дигиталната кампања во којашто се прикажува виртуелен град од соништата на фановите на автомобилите со најсилната буква во светот, M.

Новиот филм „The Drop“ ги повикува љубителите на коњските сили во „M Town“, виртуелниот град што постои од 2018 година и во кого што сé се врти околу пасијата за BMW M. Режисерот Мики Зулцер е истото име што ги сними култните видеа пред две години. Овојпат се прикажува широката палета од актуелните модели BMW M, кои се избрани со највпечатливите бои. Посебен шам даваат неколку специјални возила од историската збирка, меѓу кои и црвен BMW E30 M3.

„M Town е најуспешната дигитална кампања на BMW M GmbH, од главна причина што се активира заедницата на BMW M од целиот свет и истата може активно да учествува во кампањата.

Виртуелнот град M Town е социјална и дигитална платформа за комуникација на фановите на BMW M од цел свет. Преку bmw-m.com , секој може да се регистрира како граѓанин на M Town и да добие дигитален пасош BMW M. Тоа што се доживува во градот се оригинални видеа, возбудливи приказни, ексклузивни ставки во онлајн-продавницата и преглед на сите настани ширум светот. Посетителите на центарот на марката BMW Welt во Минхен можат реално да го доживеат M Town, во форма на посебен штанд со површина од 180 метри квадратни.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во филмот се појавуваат 18 различни модели од актуелната понуда, почнувајќи од ексклузивниот BMW M2 CS до престижниот BMW M8 Gran Coupé. Со малку повеќе внимание ќе се откријат и BMW M2 by FUTURA 2000 или BMW M3 Pickup од 2011 година.

Во 2021 година ќе следи М-варијанта од електричната купе-лимузина BMW i4, а по неа ќе следат и други варијанти на електричните модели на M со екстра перформанси.

Покрај легендарниот BMW E30 M3, од историската збирка се појавуваат и BMW M3 GTS, BMW M3 CRT, BMW M4 GTS и BMW 1 M Coupé. Посебноста на целиот овој спектакл е во тоа што во филмот се појавуваат и возила од граѓаните на М Town, кои ги отстапија своите вредни автомобили за снимањето.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочуениот боб-тим на Јамајка тренира со Mini

Прочуениот боб-тим на Јамајка тренира со кабриолет Mini

Mercedes пред 40 години ги вгради првите воздушни перници

Mercedes пред 40 години ги вгради првите воздушни перници