Тимот составен од боб-пилотот Шонвејн Стивенс, 30, Дајнил Фесал, 28 и Метју Вилсон, 30, го унапреди својот тренинг на следното ниво и се пушти по најголемиот спуст во затворен простор во Велика Британија, во снежниот центар во Хемел Хемпстед.
Триото го туркаше кабриолетот на Mini, лакиран во препознатливите бои на знамето на Јамајка, нагоре и надолу по снежниот спуст, како тренинг со отпор, со цел да се подготват на најдобар можен начин за нивниот исцрпувачки зимски распоред.
Шонвејн изјави дека „вториот полициски час уште повеќе го отежнува нашиот тренинг. Мет и Дајнил се нови во тимот и поради тоа сме посветени да се усогласиме како тим и да ги навлечеме на брзина – тие не само што досега немаат седнато во боб-санка, туку немаат ни видено нешто такво! Туркањето Mini можеби изледа забавно, но тоа е важна вежба. Самото тоа што сме на мраз е сосем различно од тренингот лете.“
Јамајканските бобери моментно се подготвуваат за квалификациите за Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, како и за разни натпревари во Северна Америка и Европа во претстојната сезона. Првиот голем настан што ги чека зимските херои од Јамајка е светското првенство во Лејк Плесид, Њујорк, во февруари в година.
https://photos.app.goo.gl/eXeNdLuFLU4s3Ggy9
















