Италијанската компанија Outlierman пушти луксузна серија кожени производи. Посебноста е во тоа што инспирацијата за нив доаѓа од некои од најценетите автомобилски модели во историјата.
Специјалистот за скап прибор од Болоња, The Outlierman, вклучи два нови кожени производи во својата понуда. Долгиот паричник и држачот за картички го следат дизајнот „Outlierman’s Roads“, изработени се рачно во Италија, од јагнешка кожа и се пригоден подарок за секој љубител на автомобилите. Двата нови производи се достапни во црна или сина боја, по примери од историските тркачки автомобили.
Со опшивка од 100% памучен конец и памучна постава со впечатлива автомобилска графика, на паричникот и на држачот за картички се наоѓа препознатливото сребрено лого на Outlierman во форма на волан. Врската со автомобилите ја прикажува и контрастната надворешна опшивка, којашто ги користи боите од кожениот ентериер на легендарни модели, како Ferrari 166 MM или Јaguar XK120.
Минималистичкиот дизајн оди заедно со врвна функционалност, со со два џеба за банкноти и 12 џебови за кредитни и бизнис картички.
Цената е малку под 9.000 денари.
GLOBETROTTER – Full-grain Leather Long Wallet – Blue
Специјалистите секогаш се во чекор со времето. Овој сет од три заштитни маски од свила со автомобилска графика пини околу 5.200 денари
TAILORED SILK FACE MASKS – Set of 3 – Ivory/Blue/Yellow