за

Јапонија им дава уште 15 години на обичните автомобили

Јапонската влада планира од средината на следната декада да дозволи нови регистрации само на електрични или хибридни возила.

Toyota Mirai · Toyota ќе стартува со продажба на новиот водороден автомобил во декември

Јапонија ќе ја намалува штетноста од автомобилскиот сообраќај во земјата врз животната средина. Министерството за економија, трговија и индустрија си постави цел, до средината на 2030-те години, да не дозволи нови регистрации на автомобили што користат само обичен мотор со внатрешно согорување.

Целиот сообраќај по јапонските патишта ќе се префрли на погонски системи што се помалку штетни врз животната средина, како електричен или хибриден погон. Третата најголема национална економија во светот планира со јасно поставени цели да го преземе водството во светски рамки во поглед на исклучувањето на возилата со обичен мотор со внатрешно согорување.

Планот на јапонските власти е емисијата на стакленички гасови до 2050 година да се сведе на нула. Тоа го изјави новиот јапонски премиер Јошихиде Суга. Претходната влада имаше цел до половината на векот да ја намали емисијата за 80 проценти.

Според премиерот Суга, реакцијата против климатското загревање не претставува пречка за економскиот раст: „Мораме да ги промениме нашите ставови“. Активните мерки ќе донесат промени во индустриската структура и во економијата, придонесувајќи за силен економски развој.

>>> Јапонските производители повторно во раст

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW со шест трофеи во изборот на Auto Zeitung

BMW со шест трофеи во изборот на Auto Zeitung

Outlierman изработува паричници по примери од историски автомобили

Outlierman изработува паричници по примери од историски автомобили