Голем успех во изборот од читателите на магазинот Auto Zeitung. Две одликувања за BMW, за најдобра марка и најдобар дизајн, а на тоа уште и победи во класа за серијата 3 и за изведбата 330e, за серијата 5 и за X3, при прогласувањето на „најдобрите автомобили во светот“.
Бројни победи за BMW во изборот „Auto Trophy“ за 2020 година. Производителот на премиум автомобили од Минхен победи во изборот на читателите на магазинот „Auto Zeitung“ и на неговите партнерски изданија, во категоријата за „најдобара марка“ и за „најдобар дизајн“. Покрај тоа, актуелните модели на BMW победија при прогасувањето на „World’s Best Cars“ во четири класи. Сериите 3 и 5 ги потврдија шампионските позиции од лани, а годинава триумф постигна и BMW X3. Меѓу приклучните хибриди победи BMW 330e.
Изборот се одржува 33 години и се вбројува меѓу манифестациите со најдолга традиција во браншата. Годинава гласаа близу 19.000 читатели, избирајќи ги своите фаворити во 20 категории. Баварците беа најуспешни во целиот избор, со шест победи во класа и две победи во специјалните категории.

При гласањето за „најдобра марка“ во рамките на изборот се земаа предвид и имиџот на марката, иновативноста, развојот на нови технологии и задоволството на корисниците. За BMW гласаа 22,4% од читателите. Уште една важна титула е „најдобар дизајн“, за што се сложија 15% од читателите.
Лимузината и комбито Touring од серијата 3 и годинава беа убедливи во средната класа, убедувајќи 31,2 проценти од читателите. Од истата серија доаѓа и изведбата со приклучен хибриден погон 330e, која се избори за победа во конуренција од 27 номинирани модели со 22,4% од гласовите. Тоа е втор триумф на моделот во оваа категорија, по „Златниот волан“ на Auto Bild и Bild am Sonntag.

Победата во вишата класа ѝ припадна на серијата 5, која годинава има освежен изглед, 48-волтен благ хибрид, нови изведби со приклучен хибрид, оперативен систем 7.0 како стандард и уште неколку системи за автопилотирано возење. Вкупно 29% од гласовите во класата му припаднаа на класичарот во понудата на BMW.
Шестата титула ја донесе BMW X3, во категоријата на СУВ-модели со цена меѓу 25.000 и 50.000 евра. Теренецот во серијата 3 на BMW освои 19,6% од гласовите во класата. Тој е воедно и прв модел на марката што ги нуди сите погонски изведби, од бензинец и дизел, преку приклучен хибрид, до чисто електричен модел.
















