Околу 50 вработени во фабриките на Ford во Германија учествуваа во пакувањето и испраќањето на 2.586 новогодишни пакетчиња за дечиња од сиромашни семејства во Источна Европа, во соработка со партнерите и со компании за логистика.
Вработените во фабриките на Ford во Келн, Зарлуи и Ахен, на 2-ри ноември почнаа да оставаат новогодишни пакетчиња на 11 собирни места. Во Келн, кадешто е матичната фабрика, беа организирани уште осум надворешни собирни места, обично покрај детските градинки, за и лица што не се дел од Ford да учествуваат во акцијата.
Сите 2.586 пакети беа натоварени на 27 палети, за подароците да пристигнат цели и неоштетени до дечињата во Источна Европа. Конвој од околу 30 камиони ќе појде на 5-ти декември од Милхајм-Керлих и ќе се упати за Молдавија, Романија, Бугарија и Украина. Подароците ќе им се предаваат на дечињата во детски градинки, училишта, болници и во установи за лица со посебни потреби.
Заедно со 2.586 пакети годинава, Ford во 17-те години досега ќе има доставено вкупно 35.258 новогодишни пакети.
















