за

Бродовите на Volkswagen со погон на масло од фритеза

Volkswagen го користи старото масло од рестораните и прехранбената индустрија како погонско гориво за своите транспортни бродови.

Бродовите на Volkswagen со погон на масло од фритеза

Концернот Volkswagen дава уште еден придонес за животната средина. Во бродскиот транспорт на нови автомобили во регионот на Европа отсега се користи сертифицирано гориво што потекнува од старо растително масло.

Големите бродови на концернот Volkswagen што ги разнесуваат новите автомобили од еден до друг крај на Европа, отсега ќе користат гориво од старо масло што потекнува од рестораните и од прехранбената индустрија.

Првиот бродски транспортер на автомобили во средината на ноември првпат отплови користејќи го ова погонско гориво. Вториот брод ќе следи во почетокот на 2021 година. Volkswagen е прв производител на авотмобили што во голем обем го применува ова поогнско гориво. Емисијата на СО2 се намалува за 85% наспроти обичните фосилни горива.

Концернот располага со два чартер бродови за транспорт на територијата на Европа. Тие носат до 3.500 возила, во просек по еден брод неделно, на повратна рута од Емден, преку Даблин (Ирска), Сантандер (Шпанија) до Сетубал (Португалија). Годишно на овој начин се превезуваат по 250.000 нови возила од марките Audi, Seat, Skoda и Volkswagen.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бродовите се долги 180 метри и користат бродски мотор MAN со преку 19.000 КС. Полнењето со алтернативното гориво ќе се врши во близина на Влисинген, Холандија, на отворено море. Самото гориво го обезбедува холандската фирма GoodFuels. Емисијата на СО2 на овој начин се намалува од 60.000 тони на годишно ниво, на 9.000 тони. Покрај тоа, се избегнуваат и емисиите на сулфурни оксиди.

Други бродови на концернот што сообраќаат меѓу Европа и Северна и Средна Америка користат течен земјен гас. Понатаму, струјата што се користи за железничкиот транспорт преку DB Cargo потекнува од обновливи извори.

>>> Стари батерии од Tesla работат во туристички брод во Шведска

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes AMG GT Black Series

Mercedes-AMG GT Black Series одликуван како „оружје за трки“

Вработени во Ford спакуваа 2.586 новогодишни подароци за дечиња во Источна Европа

Вработени во Ford спакуваа 2.586 новогодишни подароци за дечиња во Источна Европа