Стари батерии од Tesla работат во туристички брод во Шведска

Стари батерии од Tesla работат во туристички брод во Шведска

Можноста батериите од електричните возила да продолжат да се користат за друга намена, откако капацитетот ќе им падне под 60% (тоа е воедно и причината за замена, тие не откажуваат целосно), претставува уште еден силен плус за електромобилноста. Брод за туристички прошетки во Шведска, располага со батерија од 190 kWh, што потекнува од стари автомобили Tesla.

Туристички брод плови по рутата на шведскиот воен брод Васа, додека водичите на своите гости им ја раскажуваат приказната за овој историски брод од 17-от век, кој требало да учествува во битките во Полска. Васа брзо по отпловувањето од пристаништето во Стокхолм во 1628 година, мистериозно потонал по одвај 1,5 километар пловење. Музејот Васа денес е меѓу најпопуларните туристички одредишта во Шведска. Турите почнаа во минатото лето и гостите очигледно се особено задоволни, затоа што услугата е оценета со чиста петка.

Но, овој брод е посебен по друго. Во него се наоѓа батерија со капацитет од 190 kWh, којашто го напојува со енергија електромоторот со моќност од 85 киловати, односно 115 КС. Според сопствениците, бродот може да плови 14 часови без прекин, пред батеријата да мора да се наполни повторно.

Батериските ќелии се сместени во посебно изработени алуминиумски сандаци под клупите за седење, каде што се заштитени од вода. Патниците можат спокојно да ја слушаат приказната за легендарниот воен брод, без притоа да им пречи звукот од обичен мотор.

>>> Шведски електричен глисер лета над вода

електричен глисер Candela

Претходна објаваАвтомобилскиот пазар не е пластичарска улица
Следна објаваBMW освои четири награди на „sport auto Award“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here