за

Шведски електричен глисер лета над вода

Конструирањето електричен глисер не е толку едноставен предизвик. Од една страна, глисер троши најмалку 12 пати повеќе енергија од автомобил. Од друга страна, килограм гориво содржи 15 пати повеќе енергија од килограм батерија.

електричен глисер Candela

Идејата да се конструира електричен глисер обично се напушта уште од старт. Шведски конструктори сепак не му одолеаја на предизвикот и веќе масовно продаваат.

Во 2015 година, тимот на Candela Speed Boat започна да работи на електричен глисер што ќе ги надмине постоечките модели и со досегот и со брзината. Тимот сепак не е обичен и го сочинуваат експерти од Eurocopter (композити), Saab Gripen (аеро-електроника), Artemis и Oracle Racing (хидродинамика), како и од Scania (пренос и хидраулика). Во исто време, менаџерите на Candela имаат искуство на врвни позиции во своите компании.

По една година следеше првиот прототип во полна големина, конструиран според принципот на хидрофоил, односно подводно крило. Глисерот надмина досег од 50 наутички милји (ca. 93 km) и постигна брзина од 20 јазли (ca. 37 km/h). Вакви перформанси првпат беа постигнати со електричен глисер.

Досегот е четирипати подолг во споредба со најдобрите електрични глисери со обична техника, односно е споредлив со досегот со класични мотори со внатрешно согорување.

Сето тоа се должи на драстичното смалување на фрикцијата на водата. Врвните техничари на Candela создадоа и посебен систем за контрола на подводните крила што го стабилизираат глисерот. Уште една предност е користењето лесен карбон од аеронаутиката. Погонот не се слуша, не се создаваат бранови, трошокот е 95% понизок во споредба со бензински мотор.

Првите испораки започнаа во минатата пролет. Candela е прв електричен глисер за рекреација што користи подводни крила. Глисерот е толку совршен во својата концепција што поседува и уникатен систем за вовлекување на крилата, за пловење во плитко.

Седум сензори ги надгледуваат движењата на глисерот и соодветно интервенираат до контролната механика на подводните крила. Висината на „летањето“ и аголот на глисерот се менуваат постојано, според условите.

Батеријата е тешка 230 килограми, а целиот глисер, заедно со внатрешната опрема, тежи 1.350 килограми. Обичен глисер од фиберглас би тежел над 1.500 килограми со техниката на Candela. Глисерот долг 7,7 метри нуди простор за пет патници.

Планираната продукцијата за годинава е веќе резервирана, а веќе има нарачки и за испорака в година. До август се испоралани вкупно 16 глисери во Шведска, Финска, Авструја, САД и на Британските Девствени Острови.

При користење полнач од 22 kW, батеријата се полни за само 1,5 час. Доколку се користи обичен приклучок, тогаш се потребни 12 часови.

Цената е малку под четвртина милион евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Proace City

Toyota ProAce City е ас за професионалци

Uber ќе вози во Европа со електрични Renault и Nissan

Uber ќе вози во Европа со електрични Renault и Nissan