за

Toyota ProAce City е ас за професионалци

Темпирано точно за почетокот на септември, кога светот одморен и подготвен им се враќа на секојдневните работни обврски, Тојота Авто Центар излегува со уште еден важен новитет за годинава. Во најкуса форма: Toyota ProAce City е совршен за сите задачи во кои не може да се користи легендарниот пикап Hilux.

Toyota Proace City

Бизнисите бараат издржливи возила и достапни возила. Тојота Авто Центар го најавува Toyota ProAce City како одличен новитет за секакви примени во подрачјето на бизнисот. На располагање стојат најразновидни каросериски изведби, плус пет варијанти на погон. Секако дека кај овој вид возила не е важно „само“ возилото, туку е многу поважна логистичката поддршка на марката.

Toyota во овој септември излегува на македонскиот пазар на доставни возила со важен новитет. Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионаланите возила во гамата на Toyota – порачуваат од Тојота Авто Центар за стартот на продажбата на Toyota ProAce City, што поради корона-околностите не можеше да се означи со вообичаената салонска презентација.

Toyota Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба. Наменета за сите видови на бизнис потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во понуда со две должини на товарниот простор – L1 (кратка, 1.817 mm) и L2 (долга, 2.167 mm). Со избор на опцијата Smart Cargo, во возилото може да се користи максимална должина на предмети до 3,4 метри.

Простор за две европалети и најголема носивост во категоријата до 1 тон

PROACE City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3 метри кубни, до 4,3 метри кубни со Smart Cargo опцијата. Тоа што е важно за секој бизнис: Во товарната верзија собира 2 еуро палети, што му дава единствена предност на ProAce, покрај тоа што нуди најголема носивост во класата до 1 тон.

И во комерцијалната и во патничката верзија, моторите ги покриваат сите потреби и барања. Toyota нуди избор меѓу два бензински и три дизелски мотори, со моќност од 75 до 130 коњски сили и секако со најниска потрошувачка во класата, а соодевтно на тоа и најниска емисија на CO2. Статистиката му признава на моделот повисока остаточна вреност од конкурентите.

„Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на Toyota, покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главното тежиште кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. Toyota нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри“, официјално го најавува новитетот Ана Трајковска, маркетинг менаџерка во Toyota Авто Центар.

Понудата ја комплетира финансиски лизинг, што Тојота Авто Центар специјално го креираше за комерцијалните возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10 проценти

Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема, додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.

Димитар Атанасовски го прифати предизвикот да ги дознае сите корисни карактеристики и перформанси на најдоброто комбе за секој бизнис – Toyota PROACE City:

https://www.facebook.com/ToyotaMacedonia/videos/647689806143966

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda пакува делови во биоразградлива фолија

Бранша за пример: Škoda пакува делови во биоразградлива фолија

електричен глисер Candela

Шведски електричен глисер лета над вода