Заштитата е иста како кај обичната фолија. Значајната разлика е во тоа што фолијата по три до шест месеци ќе се компостира во посебен дел во кругот на фабриката на Škoda во Индија и понатаму ќе се користи како ѓубриво.
Пилот-проектот се одвива во погонот во Чешка што ги подготвува готовите модули (CKD) за испорака и за нивна завршна монтажа во возилата што се произведуваат во фабриката на Škoda во Индија. На овој начин се заштедуваат околу 500 килограми обична пластична фолија на месечно ниво.
Идејата за проектот потекнува од сопствениот персонал. Škoda, имено, ги поттикнува своите вработени за постојано да даваат идеи за можни подобрувања. Фолијата што не е штетна за животната средина се изработува врз основа на пченкарен скроб.
На оваа фаза ѝ претходеа бројни тестирања, со испраќање на деловите спакувани во новата фолија до фабриката во Пуне. Фолијата ги исполни најстрогите барања што се поставуваат за прекуокеански транспорт во контејнери.
Моментно се проверува можноста за примена на проектот со биоразградлива фолија во многу поширок обем. Проектот ќе се одвива до јуни следната година.
Škoda во декември постави 25.770 фотоволтаички модули врз покривите на фабриката во индискиот Пуне, со коишто се покриваат 15% од енергетските потреби на истата. Тоа заштедува над 9.000 тони СО2 на годишно ниво.